Фестивалот на европска литература „Bookstar” го прославува својот десетти јубилеј

30.09.2024 10:06
Фестивалот на европска литература „Bookstar” го прославува својот десетти јубилеј

Во име на книжевноста, која пркоси на стандарди и норми, приказни кои проникнуваат уметност и порив за промени, „Bookstar” со ова свое јубилејно издание сака да поттикне промена која од страниците ќе се преслика директно во општеството, преку читателот.

И оваа година ќе нè посетат врвни автори коишто зборуваат за најразлични тематики. Тие обработуваат теми широкогради како општеството, но се нурнуваат и во човечката длабочина.

Oва е годината кога ги славиме промените и славиме многу јубилеи. Оддаваме почит на еден од култните европски писатели, Франц Кафка, во годината кога се прославува еден век од неговата смрт.

„Прочитајте, дојдете, видете, поразговарајте! Ова е поттик за мала метаморфоза во вашето секојдневие. Бидете дел од промената на културната сцена. Оваа година играме со зборовите, играме со литературата и играме со настаните. Како заокружување на овој јубилеј, имаме програма на незаборавни настани каде за секој посетител има по нешто”, порачуваат организаторите на фестивалот.

Во периодот од 30 септември до 3 октомври секој има право да ја доживее метаморфозата преку средбите со авторите на „BookStar”!

Програма на „Bооkstar” 2024:

30 септември, 11.00 – Градска библиотека „Браќа Миладиновци”
Детска програма: „Другарче”
Креативна работилница со Ана Голејшка-Џикова

30 септември, 17.00 – Лабораториум
Поткаст „Гол ручек” со Душко Крстевски и Жозе Луиш Пејшото (Португалија)

30 септември, 18.00 – Лабораториум
Поткаст „Гол ручек” со Душко Крстевски и Здравка Евтимова (Бугарија)

30 септември, 19.30 – Лабораториум
Отворање на десеттиот Саем на европската литература
Презентација на проектот MEPD и книги со Брајово писмо
Отворање на изложбата на детски цртежи на тема „Другарче”

Коктел и запознавање на гостите

30 септември, 20.00 – Лабораториум
Отворање на фестивалот „BookStar” 2024

„Писателот зборува” – свечена реч на Румена Бужаровска (Maкедонија): „Каде сме сега?”

„Книжевна студија за траумата и истрајноста“

Разговор со авторките Паола Перети (Италија) и Мирженка Чехова (Чешка)
Модератори: Билјана Црвенковска и Драгица Стаменковиќ

30 септември, 21.00 – Лабораториум
Диџеј сет на Ogipsilon/Sure Shotz – специјален настан

1 октомври, 10.00 – Скопје
„Кога писател шета писатели“
Неформална тура на Васко Марковски

1 октомври, 12.00 – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
Книжевно читање „Преобразба(та)”/ „The metamorphosis”
Странски учесници: Кристијан Новак (Хрватска), Фарук Шехиќ (БиХ), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Мирженка Чехова (Чешка)
Домашни учесници: Оливера Ќорвезироска, Васко Марковски, Биљана Стојановска, Живко Грозданоски, Ана Голејшка-Џикова
Водител: Пепи Стамков

1 октомври, 16.00 – Лабораториум
Програма за млади: „Како се роди книгата?”
Креативна работилница со Паола Перети (Италија)

1 октомври, 17.30 – Лабораториум
Поткаст „Гол ручек“ со Душко Крстевски и Кристијан Новак (Хрватска)

1 октомври, 18.30 – Лабораториум
Поткаст „Гол ручек” со Душко Крстевски и Јон Калман Стефансон (Исланд)

1 октомври, 19.30 – Лабораториум
„Балканска вечер(а)”
Разговор со авторите Кристијан Новак (Хрватска), Румена Бужаровска (Maкедонија), Фарук Шехиќ (БиХ), Игор Маројевиќ (Србија),
Модератор: Владимир Јанковски

1 октомври, 21.00 – Лабораториум
Stand book comedy – специјален настан
Книжевен стендап настап на Марјан Георгиевски

2 октомври, 10.00 – Филолошки факултет „Блаже Конески” – Скопје
„Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство” – втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship
Учесници во прва сесија: Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ
Учесници во втора сесија: Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија)
Модератори: Пепи Стамков и Тијана Милиќ

2 октомври, 10.30 – Филолошки факултет „Блаже Конески”
Катедра за славистика
Средба со студентите и Мирженка Чехова (Чешка)
Координатор: Јасминка Делова-Силјанова

2 октомври, 10.30 – Филолошки факултет „Блаже Конески”
Катедра за италијански јазик и книжевност
Средба со студентите и Паола Перети (Италија)
Модератор: Искра Димковска

2 октомври, 12.30 – Филолошки факултет „Блаже Конески” – Скопје
Соопштување и доделување на наградите за најдобар превод „Драги” 2024
Обраќање на добитниците

2 октомври, 16.30 – Europe House Skopje
„Читајќи го и преведувајќи го Кафка”
Панел во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка

Учесници: Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова, Бобан Здравковски Андреевски
Модератор: Жарко Кујунџиски

2 октомври, 18.00 – Лабораториум
Поткаст „Гол ручек” со Душко Крстевски и Игор Маројевиќ (Србија)

2 октомври, 19.00 – Лабораториум
„Дух и тело: миграција и (р)еволуција”
Разговор со авторите Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија)
Модератор: Александар Маџаровски

2 октомври, 20.00 – Лабораториум
„Каде тоа се прегрнуваат поезијата и прозата?”
Доделување на наградата „BookStar” 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“
Разговор со авторот Јон Калман Стефансон (Исланд)
Модератори: Александар Маџаровски и Никола Маџиров

2 октомври, 21.00 – Лабораториум
Музички концерт 10/25: „10 години BookStar – 25 години Антолог” – специјален настан
Чалгија Саунд Систем

3 октомври, 10.00 – Лабораториум
“Publishing Europe Fellowship”*
Професионални состаноци меѓу странски и домашни претставници на издавачкиот сектор
*Настанот е од затворен карактер.

3 октомври, 11.30 – Лабораториум
„Мудар разговор”*
Со учество на странски и домашни издавачи, преведувачи, писатели и културни менаџери
*Настанот е од затворен карактер.

3 октомври, 15.00 – Скопје
„Кога писател шета писатели vol.2”
Неформална тура на Тијана Милиќ

3 октомври, 18.00 – Буква
„Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата”

Онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико (Италија), специјална награда „BookStar” X10 за исклучителни достигнувања во литературата
Воведно обраќање: Анастасија Ѓурчинова
Модератор: Владимир Јанковски

Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.
За дел од настаните во Лабораториум е обезбеден знаковен јазик и тие се обележани.
Организаторот го задржува правото за промени во програмата.

Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба” и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог”, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш”. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

ОкоБоли главаВицФото