1012 hPa
100 %
16 °C
Скопје - Саб, 05.10.2024 07:59
Фото: Џули Лејнг
Од 17 до 27 април 2024 година, македонската мултимедијална поетеса Габриела Милкова-Робинс учествуваше на овогодинешната втора по ред „Оф-Пејџ“ поетско-визуелна изложба во Глазгов, Шкотска.
„Оф-Пејџ“ е мултимедијална, интердисциплинарна поетско-уметничка изложба со поети и уметници кои создаваат „визуелна поезија“ и „поетска визуелизација“. Изложбата е спој на класична и експериментална поезија и уметност, а резултатот е колективен, колаборативен и рефлексивен амбиент кој не ограничува, а поттикнува и предизвикува.
Фото: Миријам Али
Вовед: КД Бојланд и Џули Лаинг
Оф-Пејџ’24 е втор по ред настан кој се случува еднаш годишно. Се работи за изложбени антологии кои го истражуваат соодносот меѓу прочитаното, виденото и слушнатото. Бевме поттикнати да размислуваме за овој проект откако ја минавме тренинг програмата за стихотворство (St Mungo’s Mirrorball Verse Apprenticeship Scheme 13). Го почнавме како понуда да ги споделиме нашите практики и начини на поврзување во врска со интермедијално пишување и уметност. Возбудени сме од она што се разви споделувајќи ја програмата со други исто така вклучени во проширувањето ма можностите за визуелна поезија и за поетска визуелизација.
Овогодишното издание на „Оф-пејџ“ собра заедно тринаесет креативци со споделено љубопитство за визуелната поезија и за поетската визуелизација. Резултатот „поетско“ претставување по сензибилитет што не би можело да се оствари без соработка. Процесот открива интердисциплинарна практика која ги предизвикува писателите и уметниците да се стремат над она што им е специфично „познато“. Така тие се вклучија во овој споделен простор и во оваа испреговарана визија.
Фото: Џули Лејнг
Работевме заедно во изложбениот простор, а и пошироко од тоа. Ги кршевме воспоставените граничници – кави што се страницата и рамката – ставени околу текстот или делото. Учесниците не работеа според хиерархиски модел за да создадат простор каде што зборовите, сликите и објектите може да се читаат и да се поместуваат без да се ограничени од очекувања.
Делата ги одбиваат категориите и очекувањата што им даваат приоритет на историски/реакционерни традиции во полза на неограничувачките и на искрените испитувања на тековниот миг. Заедно бевме мотивирани од нови соочувања кои негуваат преиспитување на нашите односи со пишувањето, со уметноста и со изведбата, како и со преобразбата на просторот во поезија во простор. „Живите страници“ што ги искусуваме тука во овој објект (Many Studios) резонираат со синергиите, со тензиите и со растот што доаѓа од заемна поддршка и рефлексија без стегите на наметнување или на дефиниција.
Фото: Џули Лејнг
Посебна благодарност до кураторот Лео Пламб. Благодарност до тимот на Many Studios. Конечно, поддршката на одборот на тренинг програмата за стихотворење на Св Мунго и охрабрувањето на овој проект од почетокот е многу ценета.
# Габриела Милкова-Робинс: Превод во стаклен сад, напишано во 2024 година. Ова дело е размисла за билингвална поезија и за експанзивните својства на преведувачкиот процес. Габриела пишува на македонски и на англиски. Ракописно напишаната песна врз стаклената топка се вика „Маска Жена“, или „Wax Woman“, а е напишана на двата јазика. Оригиналот е напишан на македонски врз стаклената топка што лебди во стаклената вазна. Оваа топка се проектира врз погорната топка со текстот на англиски. Да се „преведе“ е да се „пренесе преку“, а доаѓа од зборот „translatio“. Претставеното во ова дело го означува „пренесувањето преку“ на оригиналната песна во нејзината нова форма. Често, нагласокот е врз „изгубеното значење“ или врз „она што не може да се преведе“ во преводот. Но можно е и да се збогати со значење. Оригиналното дело почнува да се здобива со автори како што преводот станува двоен, троен итн. Како што песната „левитира“ на стакло што ја проектира ги наведува набљудувачите да го промислуваат процесот на преведување како процес на рефлексија, транспарентност и експанзија.
Фото: Крис Д Бојленд
Габриела Милкова-Робинс е мултимедијална поетеса од Македонија и добитник на SGSAH стипендија за докторски студии на Универзитетот St Andrews во Шкотска. Добитник е на поетската резиденција „Станца“ 2023 освојувајќи ја наградата за превод (Translation Award) на овој фестивал поддржана од фондацијата Едвин Морган (Edwin Morgan Trust). Како дел од резиденцијата таа поставила колаборативна визуелна поезија со наслов „Sиркајќи“ (Peeking) и имала изведба посветена на преводот. Габриела го има задоволството да применува разни уметнички медиуми, визуелна уметност и да пишува авторска поезија. Во 2020 дебитирала на британското УК Радио (UK Radio) со аудио проектот „Дали го знаеш морето?“ (Do You Know the Sea?). Пишува на англиски и на македонски. Нејзините дела се објавени и емитувани на двата јазика на платформи како што се She writes in English and Macedonian and has had work published and aired in both The Ekphrastic Review, DIVERSITY - International Review for Literature, Risen Magazine, ОКНО.МК и во три македонски антологии.