Стиви Вондер

02.10.2024 00:49
Стиви Вондер

 

 „Понекогаш чувствувам дека сум навистина благословен што сум слеп, зашто веројатно не би издржал ниту една минута кога би можел видам што се случува.“


Роден е во Сагино, Мичиген, видот го изгубил набрзо по раѓањето. Научил да свири хармоника, клавир, тапани и бас гитара на девет години. Веќе во десеттата неговото пеење и другите музички вештини биле познати во целото соседство, а кога семејството се преселило во Детроит, ги импресионирал возрасните со своите таленти и станал познат за сопствениците на Motown Records (издавачка куќа со која соработува и денес) кои му понудиле договор за снимање кога наполнил дванаесет години.

Пред потпишувањето, продуцентот Кларенс Пол му го дал на Вондер својот заштитен знак (име): „ние постојано го нарекувавме осмото светско чудо“ (Wonder = чудо, на англиски).

Негов прв национален хит е: „Fingertips“. Потоа следеле „Еverything's alright“, „For Once in My Life“, „My Cherie Amour“, „Signed, Sealed, Delivered I'm Yours“ и „If You Really Love Me“.

Студирал класичен клавир, а подоцна музичка теорија. На почетокот на 1967-та година почнал да пишува сопствен материјал. Автор е на големиот хит „The Tears Of a Clown“.

Во раните седумдесетти имал турнеја со Ролинг Стоунс и направил големи хитови како „Superstition“ и „You Are the Sunshine of My Life“. Кон средината на седумдесеттите неговиот албум „Songs in the Key of Life“ бил на врвовите на топ листите цели 14 недели.

Неговите песни ги изведувале и други уметници како Ерик Клептон, Барбара Стрејсенд, Марк Ентони, Џон Меленкамп и Red Hot Chilli Peppers.

Стиви Вондер добил 25 Греми награди, како и Греми награда за животно дело во 1996-та година. Добил и Оскар во 1984-та за хитот „I Just Called to Say I Love You“ од филмот „The Woman In Red“. Во 1989-та е примен во Рокенрол куќата на славните.

Примен е во Куќата на познатите текстописци во 2002-та, а во 2004-та ја освоил наградата Џони Мерсер, како животно признание за исклучителното творештво.

Во 2005-та година Конгресната библиотека го додаде неговиот двоен албум „Songs in the Key of Life“ во Националниот регистар на звук, кој вклучува снимки кои се културно, историски или естетски важни.

Вондер исто така е познат и по неговиот ангажман како активист за политички цели, вклучувајќи ја и неговата кампања од 1980 година, роденденот на Мартин Лутер Кинг помладиот да стане празник во САД. Во 2009 година беше прогласен за гласник на мирот на Обединетите нации.

Познат е и по борбата против Апартхејдот во Јужна Африка, собирањето средства за истражување на СИДА-та, бројните детски добротворни здруженија и здруженија за рак, а исто така секогаш е достапен при собирањето помош при катастрофи. Стиви исто така го одржува својот годишен добротворен концерт House full of toys уште од 1995 година со цел собирање средства за сиромашните и обесправените деца за време на Божиќните празници.

Во поново време имаше клучна улога при изборот на Барак Обама за претседател на САД, со изведби и говори на многу собири. Неговата песна „Signed, Sealed, Delivered I'm Yours“ беше музичка тема на изборната кампања.

Како Амбасадор на мирот на ОН, Стиви ги доби правата да објавува дела со авторски права во формат достапен за визуелно попречените низ целиот свет.

Многумина не го знаат неговото вистинско име - Стивленд Хардавеј Џадкинс.

ОкоБоли главаВицФото