1032 hPa
51 %
13 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 10:59
МСУ - Скопје фестивал на перформансот е настан кој има за цел да се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори.
МСУ - Скопје фестивал на перформансот во 2024 година е составен од две програми.
Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија” куриран од Биљана Тануровска - Ќулавковски и Славчо Димитров, кој се состои од проекции, предавања и перформанси.
Додатна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора” (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма „Вила 31” во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI).
Општата идеја зад фестивалот е да се измислат различни начини на делување, кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста, и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми кои се во потрага по еманципација.
Овој фестивал на перформансот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024) чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители помеѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања. Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на „Локомотива” и проектот „Движење на неврзаните”, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Осврт од кураторите Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров за главната програма: „(Пост)Југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија”, како и детален опис и информации за перформансите, проекциите, предавањата и авторите можете да најдете на следниот линк.
ПРОГРАМА
3 октомври 2024 (четврток)/ партнерска програма
18:30 - Презентација на партнерите од иницијативата Култура.ЕУБалкан и дискусија: Јета Реџа, директор на Иницијативата за орална историја – OHI, Приштина; Жозефин Дофин, одговорна за резиденцијалните програми на „Арт Експлора“, Париз/Тирана; Камил Кингуе, раководителка за меѓународни прашања и кариерен развој на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC), Париз. Модераторка: Ивана Васева, кураторка во МСУ – Скопје;
20:00 - Хакерски водич кон шумата: музејско издание, перформанс од Колектив Tree.0 (Елизабет Баном, Кетрин Маршал, Мартијн ван Елферен), алумни на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC);
21:00 - Проекција на три видео-уметнички дела: Транс’нистрија (11’ 50’’) и Абхазија отпосле (13’ 44’’) од Ванѓуш Велаху, Трнарче (4’ 25’’) и Како се раѓаат ѕвездите? (4’ 03’’) од Олсон Ламај и Кучките за нивниот дин (50’) од Ана Еренштајн, гости на Вила 31, резиденцијална програма во Тирана која ја води фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија).
04-06.10.2024 година/ главна програма
(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија
Куриран настан
Куратори: Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров
4ти октомври, 2024 (петок)
18:30 – 19:15
Христина Иваноска/ Документ што недостасува: За методологијата (текст, глас, и тело) (2014-) /перформанс, 40 мин.
19:30-20:30
Јована Караулиќ/ Изведување на државата: Културолошки перформанси на југославизмот/ предавање
20:45
Марта Попивода, во соработка со Ана Вујановиќ/ ПОВРШИНИ КОИ ЗНАЧАТ: Денот на младоста 1988 (2022)/ видео инсталација, 20 мин., повторување
Марта Попивода/ ЈУГОСЛАВИЈА, КАКО ИДЕОЛОГИЈАТА ГО ПРИДВИЖУВАШЕ НАШЕТО КОЛЕКТИВНО ТЕЛО (2013)/ Србија, Франција, Германија, филм, 62 мин.
5ти октомври, 2024, (сабота)
19:00 – 20:00
Клелија Живковиќ/ Кој те научи да се чувствуваш добро? (2024)/ перформанс, 20 мин.
Милица Ракиќ и Владимир Бјеличиќ/ Истражна постапка: Досието на една Југословенка (2024)/ перформанс, 15-20 мин.
Оља Грубиќ/ ИКЕБАНА (2018)/ перформанс, 25 мин.
20:30 – 21:30
Дражен Драгојевиќ/ Како што се партизаните со не / перформативно предавање
6ти октомври, 2024 (недела)
18:00 – 19:00 Јасмина Заложник/ Заземање простор. Нови пракси на перформативната уметност во Југославија/ предавање
19:30 НАМ КореоЛаб: Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ/ КАКО ШТО СЕ РИМУВА СО НЕ Не не се повторува. Но се римува. (2024) / перформанс