Нервозна сум!

02.10.2024 11:43

Мажи со мажи
жени со жени
скара се врти
сите кретени!
Тоа се драги мои,
малограѓаните наши
што различното ги плаши.
Љубат да етикетираат
вредностите ги деформираат
Од надвор да е мазно,
а од внатре празно.
Озборуваат,
хушкаат,
осудуваат.
Доста се злобни,
Земаат замав во времиња кобни!
Обожаваат да се дотерани, чисти
ама мозоците не им се баш бистри.
Често не се разбираат,
ама умеат громогласно да аплаудираат!
По сиромавиот удираат
на богатиот му персираат,
Едноставно: ме нервираат!

Стефанија Граовац е родена на 29.01.1989 година. Учела во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, а факултетските студии ги завршила на УКИМ на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Има работно искуство во маркетинг секторот, односите со јавност и јавното говорење. Се бори за правата на психички болните лица ( организација „Мисла“), и член е и на „Европската платформа против сиромаштија“. Во слободно време пишува, медитира и танцува.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото