1015 hPa
63 %

14 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 07:59
„За време на периодот на изолација во 2020 година, поминав многу време размислувајќи за мојот транс идентитет. Тоа ме натера да почувствувам итност да ги изнесам зборовите што сакав да ги слушнам”, вели Аки Хасан.
Како што се развива светот на стриповите, така се развиваат и уметниците кои стојат зад нив. Добар пример за тоа е Аки Хасан, мултидисциплинарен/на уметник/ца од Сингапур кој создава деликатно нацртани стрипови кои го прошируваат спектарот на застапеноста на ЛГБТКИА+ заедницата во стрип медиумот.
Иако е вешт/а во цртање, принтови, скулптура и инсталација, Аки вели дека не наишол/ла на ниту еден друг медиум што му овозможил „подлабоко да размислува за структурите, релациската динамика и отпорот, на начинот на кој тоа го прави стрипот”.
„Цртањето ми овозможува да дојдам до подлабока рефлексија за циснормативноста како телесно искуство со кое се соочувам како небинарна личност ”, вели уметникот/ца.
„Постои стриктност во мојот израз и свест, особено кога настапувам како или за цис (родовоста). Притоа, Аки секогаш обрнува внимание на начините на кои неговото тело се ориентира, „начинот на кој се сместува во аглите, рабовите и рамните површини ” за да ги обликува цртежите и формите.
Она што е најважно за Аки, е тоа што тој сака да ги црта транс искуствата „без создавање фигуративна уметност”, а стриповите се идеални за „експериментирање и проширување на овие идеи”, бидејќи медиумот често обезбедува замаглување на границите и експериментирање во наративите и техниката.
Најновиот стрип на Хасан насловен „Небинарност ” е светол пример за такво дело, бидејќи тоа е стрип преку кој „читателите се поканети да размислуваат за системите во чија внатрешност и надворешност постоиме, и како реагираме на начините кои ни се наметнуваат”, објаснува Аки.
„Овие дела ја користат композициската структура на стрипот, неговите рамки, како водичи за навигација на нацртаните криви и прави линии”. Во Nonbinaryhood, гледаме прикази на стриповски форми кои на некој начин „се однесуваат погрешно”, делувајќи нелинеарно и спорадично. Но, намерите на Аки со стрипот не застануваат тука.
„Преку циклусот „Небинарност”, истражував како изгледаат толеранцијата и потивките форми на отпор. Можеби, тие постојат во форма на мали испакнатини, притиснати во тесен простор или изразени преку неочекувани гестови”.
Стрипот е објавен од Sunday’s Print Service (ризографско студио за печатење во Глазгов) на Good Press (книжарница и простор за настани во Глазгов) и навистина е сработен со голема посветеност и љубов од страна на младиот/та уметник/ца кој/а искрено додава дека уредниците биле навистина трпеливи во однос на неговиот/нејзиниот раст на ова поле.
„Ми требаа околу две години да го завршам овој проект и искрено, сметам дека не би било правилно да ја објавев публикацијата порано. Благодарен/на сум што ми беше овозможено време, простор и поддршка за да се реализира „Небинарност”. Со оглед на тоа што стрипот сега е завршен, Аки на ова дело гледа како повеќе од само визуелна приказна.
„Овој стрип е потсетник дека треба да си подариме бавност во времето за да го создадеме и изградиме сопствениот вокабулар. Се надевам дека на моите читатели ќе им понудам јазик кој ќе им овозможи да го доловат транс идентитетот, не само во форма на нешто што си/сте, туку и како нешто што се станува”.
Гледајќи ги илустрациите и читајќи го стрипот, можеме да видиме како Аки толку беспрекорно ги плете овие идеи.
„Транс идентитетот не е нешто конкретно и „можеме да ја прифатиме неговата флуидност и промени додека го следиме. Се надевам дека моите читатели ќе препознаат дека иако да се биде транс е афирмативно, јазикот околу транс идентитетот исто така ќе продолжи да се менува. Сите би требало да останеме отворени во тој поглед”, порачува Аки Хасан.
Сега Аки продолжува да набљудува и трага по квир сродство низ дигиталниот простор, во потрага по инспирација за потенцијален иден проект. „Мислам дека има нешта кои се прилично интересни за истражување, за меѓупросторот во кој опстојува транс идентитетот и квирноста на времето и просторот воопшто”, додава Аки.
Извор: https://www.itsnicethat.com