1030 hPa
45 %
16 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 11:59
Издавачката куќа ТЕМПЛУМ по деветнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик.
За наградата може да конкурираат исклучиво дебитанти, кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.
Ракописите, треба да бидат напишани на кирилица, во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат и не смее да бидат подолги од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски знаци, и покуси од 48 страници, т.е. околу 90.000 компјутерски знаци.
Под проза пред сè ги подразбираме кусите или подолгите раскази и романи, вклучувајќи ги и специфичните жанровски експериментални форми.
Ракописите можете да ни ги испраќате најдоцна до 1-ви декември 2024 година, на следнава електронска адреса: konkurs.novite@gmail.com. За сите дополнителни прашања може да се обратите на истата адреса.
Наградата која изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“ ќе се додели кон крајот на месец декември 2024 година.
Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова (Будимка Поповска), Дозгулпмус (Климент Булоски), Ненад Јолдески, Иван Шопов, Хигсов Бозон (Кирил Минанов), Дејан Мирчески, Драган Георгиевски, Михајло Свидерски, Сања Михајловиќ Костадиновска, Ѕвездан Георгиевски, Гето Руди (Дејан Василевски), Андреј Ал-Асади, Ирена Јурчева, Игор Лозаноски, Марија Ангеловска, Дејан Гаџовски и Игор Раиден.
Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите автори во македонската книжевност, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски...
Спонзор на наградата е Комерцијална банка Скопје.