Цветот на сметот

04.10.2024 13:49

Опиј ме граду сив,
да заборавам дека сум жив!
Да заборавам на гревот,
на болката и гневот.
Опиј ме да не го гледам
трњето на кое седам.
Опиј ме!
Што се случи?
Од кога во градот
најчеста глетка
е казиното што светка?
И на секој чекор
демонски билборди како декор.
Што се случи?
Улицата силно бучи.
Издувни гасови,
нервозни гласови.
На лудилото вел
го покрива градот цел!
Што се случи?
Кој ги краде нашите души?
Урбаната мафија ли што руши?
Опиј ме граду сив,
да заборавам дека сум жив!
Да заборавам на гревот,
на болката и гневот.
Пеколен е единствениот сјај
што трепери во мојот крај!

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото