Блиска е ноќта во која ќе отпочинам

08.10.2024 14:16

I
Блиска е ноќта во која ќе отпочинам
Блиска е белата ружа што ќе ми ја објасни
Тајноста на облаците
Модрината на моите луди патувања
Изворот на мојата неверна душа.
И штом го приврзам бродот мој
За сребрената китка на ноќта
Ќе умеам ли да го принудам ветерот
Да ми ја објасни јароста на едрата
Патот што ми ја зароби стапалката
Морето што ми го принуди брегот на ропство?
Ќе умеам ли да им ја вратам
Песната на птиците, гулабот на старите писма
Тагата во темното око на киклопите.
Ќе умеам ли да си го објаснам срцето
Рането со илјада месечини и ѕвезди?


II
Блиска е ноќта во која ќе отпочинам
Блиска е таа модроока тажалка
Што ми ги ткае тајните на патот
Во ленена постелка
За ковчегот. 

 

Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ како советник по библиотекарство. Беше член на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на бројни поетски збирки, меѓу кои „Иселеник на огинот“ и „Нерези“, како и на препевот на „Гилгамеш“. Добитник е на многу награди, меѓу кои „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото