1009 hPa
82 %

11 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 04:59
Ленин Морено (19 март 1953) е еквадорски левичарски политичар, активист, дипломат и деловен човек, кој од 2007 до 2013 беше претседател на Еквадор. На тоа место беше избран и покрај тоа што во 1998 година станува параплегичар како последица на ранување за време на уличен грабеж. Низ годините се истакна со активизмот за правата на инвалидните лица, а од 2013 до 2016 година беше специјален пратеник во ОН за инвалидност и пристапност. Во 2017 година беше избран за претседател откако во вториот круг го порази десничарскиот кандидат Гилермо Ласо.
Лесно е да се превиди малата јужноамериканска нација Еквадор. Сепак, Еквадор се издвојува како една од најнапредните земји во регионот за лицата со посебни потреби. Главна сила зад овој напор е Ленин Морено, поранешниот претседател на Еквадор. Иако параплегичен, Морено е еден од највисоко рангираните светски лидери кој користи инвалидска количка.
Некогаш бил богат бизнисмен и политичар. Но, несреќата во 1998 година му го променила текот на животот. Бил парализиран од половината надолу. Набрзо ги надминал интензивните болки и нападите на депресија и станал мотивациски говорник. Напишал неколку книги за исцелителната моќ на смеењето.
Во 2006 година бил избран за потпретседател. Во тоа време било ретко во јавност да се видат луѓе во инвалидски колички. Во руралните области луѓето со тежок хендикеп биле третирани како отпадници, а понекогаш затворани во бараки и кокошарници.
Но, Морено сакал да го промени сето тоа. Во Еквадор никнуваат рампи за инвалидски колички. Луѓето со тешка попреченост сега добиваат 300 долари месечни стипендии од владата. Морено помогна да се подготви закон кој ги принудува еквадорските компании да обезбедат најмалку 4 проценти од работните места за лицата со посебни потреби.
Вети дека владата ќе допре до сите инвалиди на кои им е потребна помош. Тоа, рече тој, значи револуција.
Таа револуција вклучува обезбедување бесплатни вештачки екстремитети за сиромашните Еквадорци. Некои се прават во крилото државната болница во Кито. Владини претставници велат дека програмата е единствена од ваков вид во Латинска Америка.
Хорхе Коста, кој раководи со проектот, вели дека илјадници Еквадорци се движат со патерици бидејќи се премногу сиромашни за да купат вештачки екстремитети. Сега, вели тој, тие можат да станат продуктивни членови на општеството.
За промените кои ги спроведе Морено сведочат и граѓаните на Еквадор. Една личност која поминала низ оваа транзиција е Сарита Карлосама. Болеста што го зафатила нејзиниот 'рбетен мозок ја оставила параплегична пред 20 години. Тогаш студирала медицина. Но морала да се откаже бидејќи со инвалидската количка немала пристап до училниците на петтиот спрат. Според новиот закон за вклучување на лицата со посебни потреби во работната сила, Карлосама неодамна била ангажирана во нафтена компанија.
„Тој постигна толку многу“, вели Карлосама. „Но, дури и да не направеше ништо, само фактот што потпретседателот е во инвалидска количка ги менува перцепциите за лицата со посебни потреби.“
Во претседателската палата каде што Морено има канцеларија, хендикепираните луѓе се редат секое утро барајќи помош. Главниот помошник на Морено, Алекс Камачо, вели дека другите влади од Латинска Америка го повикале Еквадор за совет за политиките за лицата со посебни потреби.
„Затоа сега ги советуваме Перу, Богота, Уругвај, Доминиканската Република, Гватемала, исто така и на Хаити“, вели Камачо.
Многу од програмите на Морено ќе продолжат да се реализираат, вели Моника Алемеида, уредник во весникот „Ел Универзо“.
„Тоа е убедливо една од најдобрите работи што ги направи оваа влада“, вели Алмеида. „Мислам дека која било влада што ќе дојде, навистина ќе мора да го следи патот на Морено.
Морено доби меѓународно признание за неговата поддршка на политиките што го подобрија животот на лицата со посебни потреби во Еквадор. Затоа беше номиниран за Нобеловата награда за мир во 2012 година и во 2013 година беше назначен за специјален пратеник за попреченост и пристапност од страна на Генералниот секретар на Обединетите нации.
Како признат демократски социјалист, Морено драстично ги промени своите политички погледи кога стана претседател и се соочи со реалноста на владеењето, дистанцирајќи се од социјалистичкото наследство на неговиот претходник и спроведувајќи неолиберални промени и во внатрешната и во надворешната политика.
Морено е плоден писател, коментатор и автор на неколку книги за теоријата на хуморот. Добитник е на бројни национални и меѓународни награди за својата работа. Има диплома по јавна администрација на Централниот универзитет во Еквадор и разни почесни дипломи од универзитети ширум светот.