„Летаргија“ - изложба на цртежи од Ангел Коруновски

09.10.2024 10:02
„Летаргија“ - изложба на цртежи од Ангел Коруновски

На 9 октомври, со почеток во 20 часот, Музеј на град Скопје (Голем салон), ќе биде отворена изложба на цртежи од Ангел Коруновски насловена „Летаргија“.

Зародиш на концептот на изложбата е глобализацијата, пласирањето на лажни информации и вредности како и потценувањето на луѓето и нивните способности. Осознавањето преку брза информација без потковување на знаењето кое изискува време и истражување преставува глобален проблем во целото општество кое се движи во погрешен правец, комплетна капитализација и вреднување на материјални добра како основен идентитетски печат кај единките.

Живееме во време на брзи вистини, поддадени и наложени вредноси, нема индивидуалност, луѓе слични кои функционираат како бинарен број кој е зададен да создаде една наметнато поставена слика.

Делата на изложбата се сурови, искрени и голи како нужна потреба на отсликувањето на општеството, впрочем нели културата е образ, огледало на времето и општество во кое живееме?

Цртежите се работени во комбинирана техника каде тушот и перото се појдовна точка, додека алатките како Procreate & Photoshop прават колмуниција во создавањето на една монументално творба во дигитален формат.

„Се надевам дека публиката ќе ужива во едно негување на класичниот начин на творење преку фундаментот на ликовниот начин на изразување - ЦРТЕЖОТ репрезентиран во нов начин на презентација како дигитална монументална уметност”, вели уметникот Ангел Коруновски

Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври 2024 година.
Промотори на изложба ќе бидат Сашо Димоски и Јасмина Намичева. Дизајнот на плакатот е на Лазе Трипков.

Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Република Македонија, Музеј на град Скопје, винарија Тристо и Општина Велес.

ОкоБоли главаВицФото