1017 hPa
78 %
21 °C
Скопје - Пон, 13.07.2026 01:59

Награда за најдобар детски филм:
Петчленото жири, учесници на Ликовното студио и Студиото за анимиран филм при Детскиот културен центар Белград во состав: Лара Савановиќ (15г), Матеја Трнавац (14г), Марија Предраговиќ (10г), Ива Берисавац (7,5г) и Михаило Максимовиќ (9,5г) гледаа селекција на детски филмови Балкански фестивал.
Жирито едногласно одлучи дека наградата припаѓа на филмот:
„Јас сум Акико“ од Дамир Романов од Србија
Одлуки од жири за студентската натпреварувачка програма:
Во категоријата Најдобар студентски филм, жирито во состав Лео Вучко (Словенија), Игор Ѓуриќ (Босна и Херцеговина) и Никола Топаловиќ (Србија), донесе одлуки за наградите
Специјални признанија им беа доделени на филмовите:
„Коров“, од Поле Казак од Чешка и филмот „Пешачки премин“, од Дарија Волчок од Русија.
Најдобриот колеџ филм:
„Мачката, лисицата и волкот“, од Аурора Милер Фуга од Франција.
За наградите за Главната натпреварувачка програма одлучи жирито во состав: Јелена Ангеловски (Србија), Марко Џешка (Хрватска) и Берин Тузлиќ (Босна и Херцеговина
Жирито ја донесе следната одлука:
Специјални признанија:
„Доста лудо“ од Вероника Мартинадоне од Франција
„Омска жена“ од Лиза Скворцова од Русија.
„Ноќни чизми“ од Пјер Лук Гранзон од Фран
Наградата на Српскиот филмски центар, за најдобар домашен анимиран филм, му припадна на Алекса Гајиќ за филмот „Крал“
Главната награда, Гран-при на 21. Европски фестивал на анимиран филм, „Балканима“ му припадна на филмот „Нема да има“ од авторите Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Иван Ивановски и Владимир Лукаш од Северна Македонија.
Министерството за култура на Република Србија и Српскиот филмски центар го поддржаа 21. издание на фестивалот „Балканима“.
Извор: https://www.dksg.rs
Фото: Милорад Марковиќ