1015 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 09:59
PMGJazz Klub го најавува концертот на извонредните „Светлост” чиј уникатен музички јазик вткаен во активно творештво и концертирање од 2019 е евидентен и во нивниот последен музички долговечерен запис Everything Was As It Had Been A Minute Ago, издаден оваа година за PMJazz.
Концертот ќе се одржи вечерва, на 9 октомври (среда), со почеток во 21:30 часот, во „Лабораториум”. Ќе настапат:
Нинослав Спировски /кларинет, саксофон/
Кристијан Новковски /тапани/
Дени Омерагиќ /бас, електроника/
„Светлост” се неидиоматско/импровизаторско трио од Скопје, составени од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника). Препознатливи по спонтаниот уметнички израз и над-жанровската естетика, „Светлост” се наметнува како еден од најзначајните чинители на современата креативна сцена.
Во краток период од октомври 2019 до април 2020 издаваат три критички признаени албуми Odron Ritual Orchestra, Jazz (to the working class) и Six Years за PMG Jazz. Работејќи низ раниот период на ковид пандемијата во нестандардни услови, кулминацијата на нивниот прв творечки период е концертот на 39.Скопски Џез Фестивал, заокружен со A Wave Returns To The Ocean, како нивното четврто издание.
На почетокот на оваа 2024 година, се регрупираат со избистрен фокус, и го создаваат до сега најдлабокиот уметнички материјал, под името Everything Was As It Had Been A Minute Ago, инспириран од моменти на лична загуба, чувства на неприпаѓање, губење на верба во можноста за општествена еднаквост, сочувство со жртвите на новите војни, и Давидовска борба против Голијатската капиталистичка машина.
Како загревање до концертот, можете да си го набавите нивниот последен албум на следниов линк.