Портрети со заплеткани мрежи од емоции и мисли

09.10.24 16:02

Карола Пезаро e скулпторка која живее и работи во Холандија. Студирала на Кралската академија за уметности во Хаг, на катедрата за архитектонски дизајн и дизајн на животната средина. 

Делата на Пезаро се засновани на силно чувство на чудење за кревкоста на животот, за текот на времето, за меморијата и комплексноста на човечката мисла.

Детал од „Меѓусебни тајни”

Преку нејзината уметност, таа поставува прашања за тоа што носиме во себе, видливо и невидливо, како нашите мисли се обликуваат, како се поврзуваме со внатрешниот и надворешниот свет, како се обидуваме да постоиме. Таа ги истражува овие теми преку везови, скулптури и видеа.

Детал од „Меѓусебни тајни”

Карола Пезаро и Арис де Бакер го формираат дуото наречено Акунзо. Работата на Акунзо се состои од ефемерни проекти специфични за одредена локација.

Детал од „Меѓусебни тајни”

Карола Пезаро преку своите деликатно извезени портрети визуелизира заплеткани мрежи од емоции и мисли. Уметницата работи на машина за шиење за да прикаже фигури со различни преокупации кои со своите колоритни форми создаваат живописен амбиент.

„Срце”

Пезаро чувствува одредена дистанца од ликовите во нејзините дела, кои ги смета за речиси автономни, како да излегле од конецот по своја волја.

Детал од „Срце”

Честопати во интеракција и собрани во групи кои се шират низ ѕидовите на галеријата, фигурите предизвикуваат спомени кои се преклопуваат и се испреплетуваат.

Детал од „Меѓусебни тајни”

Уметницата е заинтересирана за односот помеѓу нашите внатрешни и надворешни искуства и скриените реалности, радости и грижи што ги носиме со себе додека се движиме низ светот.

Детал од „Меѓусебни тајни”

Портретите на Пезаро пренесуваат „свест за неразбирливото”. „Тие зборуваат за личнни светови. Често се спојуваат по неколку „фигури” на едно место. Тоа создава тензија во делото, на тој начин се создава одреден наратив или атмосфера”, вели уметницата.

Извезените форми се порозни, се напластуваат и се заплеткуваат една со друга во деликатни композиции.

Детал од „Меѓусебни тајни”

„Ја сакам кревкоста и тврдоглавоста на конецот. Неправилностите и несовршеностите се секогаш присутни. Тие ми се значајни. Таму каде што на почетокот се појавува „фигура” направена со брз цртеж, бавниот процес на везење додава длабочина и фокус”, објаснува Карола.

Детал од „Меѓусебни тајни”

Пезаро неодамна се врати во својот дом во Хаг по престој во Удаипур, Индија. Погледнете фотографии од нејзиното патување, како и архива од нејзината работа на Инстаграм.

„Меѓусебни тајни”

Извор: https://www.fiberartfever.com

ОкоБоли главаВицФото