1017 hPa
93 %

8 °C
Скопје - Нед, 18.05.2025 01:59
Во април годинава, во своето обраќање пред Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Мицкоски изјави дека многудетните семејства се патриотска должност и дека она „јас, мама и тато“ ќе се дополни со „и дада и бато“.
Во истиов месец истиот тој премиер ни соопшти дека минималната потрошувачка кошничка ќе се пресметува за тричлено, а не како досега, за четиричлено семејство. Овој потег на македонскиот Худини нѐ остави со подзинати усти. Каде исчезнаа дада и бато?
Дури и оваа потрошувачка кошничка само за нас тројца е прилично стеснета, односно од неа е извадено она што Мицкоски и неговите министри го дефинирале за луксуз – одмор во странство, цигари и алкохол. Тамам работа, јас, мама и тато да се опуштиме, да отпатуваме или да запалиме цигара со кафето. Тие „мали радости“ треба да останат реалност само за тие што ја имаат привилегијата да нѐ пребројуваат како ќе им текне.
Ирена Цветковиќ, Призма, 29.04.25.
Околу ескимските куќички понекогаш има толку снег што игло нема кај да падне.
Темплум - саемски каталог од 92 страници со внимателно одбран избор на наслови и нови изданија.
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2024 okno.mk, сите права се задржани.