Јужнокорејската писателка Хан Канг е добитничка на Нобеловата награда за литература

10.10.2024 17:25
Јужнокорејската писателка Хан Канг е добитничка на Нобеловата награда за литература

„Јужнокорејската писателка Хан Канг е добитничка на Нобеловата награда за литература“, соопшти Шведската кралска академија.

Според образложението на жирито, 53-годишната писателка е наградена за нејзината „интензивна поетска проза“ која ја отвора темата на „историски трауми“ и ја разоткрива „кревкоста на човечкиот живот“. 

Нејзината „емпатија за ранливите, често женски животи, е опиплива и засилена со нејзината метафорично густа проза“, изјави Андерс Олсон, претседателот на Нобеловиот комитет. „Таа има посебна свест за врските помеѓу телото и душата, живите и мртвите, а со поетскиот и експериментален стил стана иноваторка во современата проза“.

Таа стана лауреатка на Нобеловата награда за литература, во конкуренција со руската писателка Људмила Улицка, кинескиот авангарден писател Кан Кју и британскиот писател Салман Ружди.

Хан Канг е родена во 1970 година во јужнокорејскиот град Гвангжу, пред, на деветгодишна возраст, да се пресели со своето семејство во Сеул.

Канг е осумнаесеттата жена што ја освои Нобеловата награда, откако се доделува од 1901 година. Покрај Нобеловата, таа е добитничка и на Букеровата награда во 2016 година, за нејзиниот роман „ Вегетаријанка“. Други нејзини познати книги се „Белата книга“, „Човечки дела“, „Грчки лекции“.

Фото: Дејвид Левен

Извор: https://www.theguardian.com