1027 hPa
81 %
4 °C
Скопје - Саб, 17.01.2026 13:59

Изложба на деветнаесет стрипови во конкуренција за награди на конкурсот „Кое е твоето чудо?!“
На конкурсот „Кон родовата еднаквост преку уметност“ на тема „Кое е твоето чудо?!“, организиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стела, пристигна значителен број стрипови кои се во трка за престижните награди.
Изложба на пристигнатите дела ќе се одржи на 18 октомври 2024 година, со почеток во 11:00 часот, во Центар Јадро. Во рамки на изложбата, ќе бидат прогласени победниците и ќе се доделат сертификати и дипломи на сите учесници. Наградите ќе ги додели Британскиот амбасадор во Скопје, Н.Е Метју Лосон.
Ви ги претставуваме апликат(к)ите со по една табла од нивните стрип дела.
01 Сара Ангеловска [2 табли]

02 Менче Здравкова [8 табли]

03 Славица Панева [2 табли]
04 Ивана Лазаревска [1 табла]
05 Христина Здравковски [6 табли]
06 Јана Марковиќ [1 табла]
07 Магдалена Марјановиќ [8 табли]

08 Аника Божиновска [3 табли]

09 Душица Димитровска [6 табли]
10 Марија Стојановска [8 табли]
11 Тамара Гашева [6 табли]
12 Ана Куновска [3 табли]

13 Теодора Куновска [3 табли]

14 Гаја Смилевска [3 табли]

15 Ангела Петрушевска [1 табли]

16 Лили Ана [8 табли]

17 Иван Коминовски [3 табли]

18 Антонела Митева [7 табли]

19 Габриела Лозаноска [40 табли]

Овој конкурс има за цел да опфати различни аспекти од борбата за родовата еднаквост. Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабруваме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи.
Наградниот фонд изнесува 85.000 денари.
Жири комисијата е во следниот состав: Два члена од тимот на НМСМ и Стела: Оливер Андреевски и Теодора Милеска, потоа Mike Mclester кој што е Британски професор по англиски и цртач на стрипови, и на крај Нада Прља која е професионална уметница од 1998 година и универзитетска предавачка од областа на уметноста.
Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје, носи свежа енергија во борбата за родова еднаквост. Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси.