Креативна практика заснована на љубовта кон храната

16.10.24 12:29

Мароканско - француската илустраторка Мирјам раскажува приказна за тоа како го следела својот сон да отвори ресторан во Мароко и како тоа ја навело да го открие сликарството.

Анаела (Миријам) Чаиб, која го користи називот Myriam au Citron, ја должи својата сликарска практика на љубовта кон пецивото.

На почетокот на нејзината кариера, таа студирала на катедрата за бизнис во Франција, а добила и диплома за правење на нејзините сакани колачи, „бидејќи уште од тинејџерските години мојот сон беше да отворам слаткарница со сестра ми и фантазирав да живеам во Мароко“, вели таа.

Бизнис студиите никогаш навистина не успеале многу долго да го задржат нејзиното внимание. „Никогаш не ме интересираше училиштето, ме интересираше само да правам работи со моите раце, да измислувам приказни и разни други нешта кои се плод на мојата имагинација“.

Така, пред четири години Миријам и нејзината сестра тргнале да го остварат својот тинејџерски сон. Тие се спакувале и ја напуштиле Франција и отпатувале во градот Шефшауен, сместен среде мароканските планини.

Во овој романтичен амбиент, познат по своите згради во сина боја, Миријам и нејзината сестра отвориле ресторан. „Беше тешко и интензивно искуство две мласди девојки како нас да се најдат во патријархален град и далеку од своето западно живеалиште“, се сеќава таа.

„Единствената активност што ја имав беше да го сликам мојот прекрасен регион за да го декорирам просторот и, бидејќи луѓето се заинтересираа за сликата, почнав да споделувам на Инстаграм“.

По две години, Инстаграм профилот на Мајријам доживеал голем успех и таа можела да започне кариера во областа на сликарството, работа што никогаш не ни помислувала дека ќе ја работи.

„Северен Мароко навистина многу ме инспирира“. Дури и една обична прошетка по крајбрежната патека од Тангер до планините во неа прави експлозија од нови идеи за слики: „Сакам да сликам сцени од секојдневниот живот, рачни занаети и храна“, вели таа.

Таа има посебно око за доловување мали детали, како што се керамичките плочки во продавница или типографијата на етикетите или знаците. Таа фотографира сè, собирајќи ги своите референци, а потоа со љубов ги составува со нејзиниот разигран, наивен визуелен стил.
Уметницата поетски го споредува процесот на цртање на сите овие комплексни деталии со „работата со чипка“.

Миријам е фасцинирана од начините на кои европската колонијална култура се спојува со современата мароканска култура, особено затоа што го одразува нејзиното сопствено двојно европско/мароканско наследство.

„Тангер е плод на многу влијанија“, вели таа, а доловувањето на оваа суштина е нешто што таа го прави вешто. Мирјам е особено заинтересирана за културата на храна, забележувајќи дека „храната нè зближува, но и не разделува“.

Нејзиното дело насловено Grand Hanout Tanger е ода на разновидната прехранбена култура во Тангер - полиците на продавницата се преполни со марокански намирници и европски и американски производи како Евиан, Ариел и Кока-Кола. Секој производ е внимателно артикулиран со ситните етикети што таа обожава да ги црта.

Едно од нејзините омилени дела за работа е Интериерот на Гордон Вотсон. Се потсетува на времето кога ѝ било дозволено да го посети домот на познатиот британски дилер на антиквитети Гордон Вотсон, кој со години собира мебел и го украсувал својот дом во Тангер.

„Неговиот свет е полн со детали, акумулација на историја“, вели таа. Внимателно фотографирајќи го секој мал детаљ, од шаблонот на перничињата, килимите и кујнските плочки, до лицата на семејните портрети, оваа слика на Мирјам е празник за очи. Гледајќи наназад на делото, таа забележува како нејзината изведба на просторот ја „потсетува на куќа за кукли“.

Иднината изгледа светла за идилата на Мајријам во северно Мароко. Таа продолжува да се поддржува себеси со нејзината ново откриена страст за сликарството и да реализира изложби. Интересна вест е тоа што Мирјам има намера да изработи проект за храна и уметност наречен „Maison Citron“ со нејзината сестра - проект за кој таа сонувала со години.

Извор: https://www.itsnicethat.com

Слични содржини

Уметност / Око
Општество / Јавни простори / Уметност / Око
Општество / Психологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото