1015 hPa
66 %

11 °C
Скопје - Пет, 14.02.2025 15:39
Во организација на „Скопје џез-фестивал“, вечерва, на 16 октомври, со почеток во 19:30 часот, во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложбата „Radical Chimeras“ (звучни принтови, слики, скулптури, инсталација) на Роб Мазурек.
Мазурек е композитор, трубач, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена. Неговите дела се однесуваат на преобразувањето на звукот во подвижни и во неподвижни слики (звучни принтови). Ваквите принтови функционираат самостојно или се реконфигурирани низ сликање / креирање отпечатоци.
Овие нови дела, специјално изработени токму за оваа изложба, се своевидно продолжение и елаборација на неговата серија „Radical Chimeras“, отелотворени во албумите „Dimensional Stardust“, „Lightning Dreamers“ и „Live at the Adler Planetarium“ на неговиот најзначаен голем ансамбл „Exploding Star Orchestra“, издадени за етикетата „International Anthem“.