Еден лондонски театар од времето на Шекспир

17.10.2024 09:24

Сцената е сцена а има натпис: „Шума“.
Заплетот е несмасен но публиката ужива.
Време на дејството: пред последната чума.
Секако – нема женски во театарската дружина.


Секој се пресоблекува во што отсекогаш сакал.
Може да се биде крал, но и шутовите се важни.
Вистински тантели сите носат на јаката.
Но за брадите е видливо дека се лажни.


Џуџиња и самовилци врз тикви-тврдокорки седат.
Слободумни се, но му се додворуваат на кралот.
Трите наречници своите приказни ги предат
а има многу непотребна врева пред да почне балот.


Се танцува, виното се служи во бели светни чашки.
Одеднаш на кралот му се одлепува брадата.
Принцезите ги губат здолништата, се гледа дека се машки.
Шутот го заборава текстот среде тирадата.


Главно – наполно неважна станува вистината.
Затоа во ноќите со месечина измамата е на цена.
Театарот изгорел, пред гледачите блика чистината.
Шумата е шума а има натпис: „Сцена“.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото