1029 hPa
38 %

12 °C
Скопје - Нед, 09.02.2025 13:59
Во 2009 година Лизи станува првата личност со попреченост во учењето во Велика Британија која објавила албум со оригинални песни.
Пејачката, текстописка и активистка за правата на лицата со попреченост Лизи Емех почина на 5 ноември, 2021 година, на 44-годишна возраст.
Лизи имала потешкотии во учењето, особено во учењето нови работи и морала да вложува многу повеќе напор од другите. Кога била мала имала проблеми и со говорот и одењето, но пркосела на некои предвидувања во врска со нејзината состојба кога почнала да зборува и да оди кога имала четири години. Морала да се бори со хемофилија, пневмонија и менингитис и во одреден момент ѝ била отстранета слезината. Емех почнала да забележувала дека има и други луѓе кои се во многу полоши состојби од неа. Кога имала тринаесет години го напуштила редовното образование за шест години да престојува и да се едуцира во специјализиран интернат, Парквуд Хол во Свонли, Кент.
Емех била дел од креативната хуманитарна организација Heart n Soul, која ја поддржувала цели дваесет години. Заедно оставија неверојатно богато уметничко наследство.
Меѓу најважните настани во нејзината кариера секако е настапот на свеченото отворање на Параолимписките игри во Лондон 2012 година. Помеѓу 1999 и 2007 година настапувала низ Европа и Азија.
Две години подоцна го издава албумот Loud and Proud, кој го преиспитува нејзиното животно искуство и растењето во ирско-нигериско семејство во западен Лондон, под влијание на фолкот, регето, африканските ритми, соулот и блузот, како и бендовите како Дуран Дуран и Даблинци.
На нејзиното музичко образование најмногу влијаела годината што ја поминала во Даблин кај нејзината баба, талентирана џез и блуз пејачка. Тоа бил период за кој тврди дека ја инспирирал да посака да биде пејачка.
Лизи прво ќе го слушнела ритамот во главата, потоа смислувала текст и мелодија, а на крајот ги завршувала целокупните аранжмани во соработка со музичарите.
Настојувала да ги натера луѓето со потешкотии во учењето да бидат горди на себеси. За време на објавувањето на албумот насловен Loud and Proud, таа вели:
„Сакам овој албум да ги едуцира луѓето. Сакам луѓето да нѐ прифатат такви какви што сме и да нѐ почитуваат. Не сакам сожалување, туку разбирање”.
Во 2016 година, во соработка со Лондонскиот симфониски оркестар реинтерпретира некои од нејзините песни. Помеѓу 2018 и 2020 година, учествува во експерименталниот истражувачки проект на организацијата Heart n Soul кој настојува да ја истражи вредноста на различноста.
Нејзините соработници велат дека пеела од срце, полна со самодоверба и енергија.
„Ќе отсвирев низа акорди на гитара, а таа за неколку минути имаше мелодија и текст. За неа компонирањето беше најприродната работа на светот. Песните ги пишуваше од срце. Ја воодушевуваше публиката, ги држеше на дланка. Брилијантна изведувачка. По нејзиното заминување во вселената останува огромна дупка”, се сеќава Рики Јоделко со кого Лизи соработувала од раната младост.
Лизи не само што правела музика, туку е запаметена по своите застапувачки вештини. Сè што некогаш создала, секое интервју што го дала - сè било начин на застапување. Се залагала за сите кои се на маргините, ги охрабрувала и поддржувала другите уметници со попреченост.
Пееше со апсолутна увереност дека тоа што го изговара ѝ е исклучително важно. Создаваше уметност со голема страст, но она што Лизи го правеше во суштина, беше многу поголемо, многу подлабоко.
Го крена својот глас и имаше политичко влијание, а со тоа им го отвори патот на другите уметници, се залагаше за нивното право да бидат тоа што сакаат да бидат, лицата со попреченост да имаат место на сцената. Имаше неверојатна смисла за хумор, специфична харизма и магнетизам.
Џени Сили, една од уметничките директорки на церемонијата на отворањето на Параолимпијадата во Лондон, вели дека Лизи била неверојатно дарежлива, тврдоглава и љубезна.
„Се сеќавам колку бев возбудена кога го договоривме нејзиниот настап. Таа дојде на проба и запознавање со оперативниот тим. Не се чувствуваше добро и беше мрзоволна, но нејзиниот покровителски радар работеше беспрекорно. Превртуваше со очите секогаш кога некој ќе почнеше да ѝ го објаснува она што веќе го знае. На денот на генералната проба беше во добра форма, вистинска професионалка, дива. На сите им беше јасно колку си ја знае работата”.
Hart n Soul беа домаќини на онлајн настан на кој се прикажуваше музика создадена од некои од нивните членови за време на изолацијата. Во чест на Лизи Емех беа прикажани нејзините видеа, а уметниците кои настапуваа зборуваа за нејзината музика, влијанието што го имала и колку им значела.
Извор:https://portaloinvalidnosti.net