МСУ водич со Бојана Јанева и матине со диџеј сет на Димитар Османли

17.10.2024 13:25
МСУ водич со Бојана Јанева и матине со диџеј сет на Димитар Османли

На 19 октомври (сабота), во 12 часот, ќе се одржи МСУ водич и како пропратен настан Матине дружење со диџеј сет на Димитар Османли.

Со кустоската водич на МСУ, Бојана Јанева ќе можете да ги погледнете четирите новоотворени изложби:

  • Самостојна изложба на светски познатите уметници Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен...
  • Дан Пержовски со уметничкиот проект „Обновени вести“, а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“

Кураторка на изложбата е Мира Гаќина.

  • Самостојни изложби на младите уметници, Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“.
  • Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација“
  • Наџа Крачуновиќ со самостојната изложба „Во име на мајка, во презиме на татко“

Куратори на изложбите се: Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

  • И изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ - Скопје“ (која ќе биде отворена од 15 октомври за посетители)

Kуратори се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља, исто така, се дел од тимот на МСУ кои работеа на оваа изложба и на каталогот.

Веднаш потоа во 13 часот, како пропратен настан организирано е Матине со диџеј сет на Димитар Османли - Рули, каде ќе можеме да се подружиме и да ги сумираме впечатоците од изложбите.

Настанот се реализира со поддршка на пријателот на МСУ – Тиквеш.

ОкоБоли главаВицФото