Како го победив Груевски

08.03.2011 10:54
Како го победив Груевски

На 4 ноември 2007 година, во високотиражниот „Шпиц“, објавив колумна под наслов „Пораз на ќутук дипломатијата“. Со неа ја отворив мојата петмесечна кампања, обидувајќи се да ги охрабрам македонската јавност и државниот врв да ја променат нашата непродуктивна и емотивна позиција во спорот со Грција, тогаш безнадежно забетонирана за тезата „одбраната на уставното име е одбрана на идентитетот на нацијата“. Објавив неколку десетици анализи, коментари и белешки, докажувајќи дека таа позиција е штетна и дури и антимакедонска. Уште во првата колумна, бев категоричен: „Тврдам дека македонското име може да се одбрани, договор со Грција може да се постигне, во НАТО и во ЕУ може да се влезе. Може, но само ако политичката елита ја подготвува нацијата, не за јадење корења, туку за компромис, чија суштина ќе биде обострано прифатливо решение“.

Да се пишува и јавно да се зборува за компромис во тоа време, пет месеци пред историскиот самит на НАТО во Букурешт, беше рамно на ерес. Бев дочекан со напади и закани, неправедно прогласен за предавник и грчки платеник. Беше тоа втората голема осаменичка битка во мојата новинарска кариера. Првата се случи кон крајот на 1990-тите години, кога како глодур на „Дневник“, водев жестока битка за повеќе права на Албанците, заговарав промена на преамбулата на Уставот и решенија кои можеа да ја спречат војната во 2001 година. Сè што реков и прореков во тие години, подоцна се оствари, но, за жал, крвавиот расплет не беше избегнат. Како и да е, јас сум таков човек. Навикнат сум на донкихотовски битки. Мојата природна „агрегатна“ интелектуална состојба е осаменоста. Дури и тогаш кога цената за тоа е превисока, кога човек ја губи поддршката од пријателите и кога се соочува со прашалните погледи на најблиските, кога узнава дека жртвата што еден ден можеби ќе мора да ја поднесе е вистинска, а не само интелектуална осаменост.

Непосредно пред самитот на НАТО, со силен притисок на Американците, се создаде моментумот кој долго го очекувавме и за кој долго ќе жалиме што го пропуштивме. Македонија доби извонреден предлог од Нимиц – „Република Македонија (Скопје)“ и експлицитна гаранција за идентитетот, формулата за неексклузивна употреба на името „Македонија“ и на придавката „македонски“, која им овозможуваше на двете страни рамноправно да ги користат овие атрибути. Дури сега, по три години, Никола Груевски јавно призна дека се согласил името „Република Македонија (Скопје)“ да го стави на референдум. Но, денес ова признание нема никакво суштинско значење, освен што докажува дека Груевски е лажго. И тогаш и сега, без оглед на тоа што сè Груевски им ветувал на странците, неговите медиумски маши јавноста ја подготвуваа за триумфален пораз во Букурешт, тврдејќи дека нема отстапка од „одбраната на уставното име“ и дека каква било промена на тоа име ќе го загрози нашиот идентитет.

На 20 февруари 2008 година, во „Шпиц“ ја објавив веројатно најзначајната анализа на оваа тема, под наслов „Крај на лажниот патриотизам“, во која утврдив дека ни домашното, ни меѓународното име на нашата држава немаат суштинска врска со нашиот национален идентитет и дека станува збор за една голема, трагична заблуда и манипулација. Се обидов да објаснам дека државите се резултат на стремежот на нациите да се конституираат како државни творби, а не обратно - не произлегуваат нациите од државите, следствено на тоа, ниту елементите на идентитетот на нациите не произлегуваат од елементите на идентитетот на државите. Аргументирав: „Тој што го тврди обратното, дека идентитетот на македонската нација зависи од идентитетот (името) на државата, тој всушност тврди дека македонски национален идентитет и самосвест не постоеле пред појавата на македонската држава. Тој се приклонува кон тезата дека македонската нација е вештачка, коминтерновска творба, создадена заедно со македонската компартија, а потоа и со македонската држава. Уште повеќе, тој што тврди дека идентитетот на нацијата и името на државата се едно, ги негира пројавите на македонска национална самосвест кај сите македонски револуционери од 19 и од 20 век. Делчев, Даме, Питу и другите не се бореле за ‘Република Македонија’ ниту за ‘независна Македонија’, туку за автономна Македонија, автономна во рамките на друга независна држава. Дали тоа значи дека нивната борба не ја сметаме за македонска? Дали и Карев станал предавник кога првата република на Балканот ја нарекол крушевска, а не македонска?“.

За жал, ниту очебијните факти на кои укажав во таа колумна и во многу јавни настапи во тие денови - дека најголемите успеси во поставувањето на фундаментите на македонскиот национален идентитет (кодифициран јазик, обновена црква, оформени културни институции итн.), ги постигнавме во периодот кога уставното име на нашата земја беше Социјалистичка Република Македонија, а нејзината меѓународна легитимација СФРЈ - не беа доволни да се разбијат заблудите што ги ширеа груевистите, во прецизно планирањата и спроведена кампања за упропастување на најголемата шанса Македонија да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ.

На 8 април 2008 година, свесен дека Груевски нема да собере храброст да го искористи моментумот кој траеше уште извесно време по фијаското во Букурешт и дека наскоро не можеме да се надеваме на предлог сличен на оној неповторливиот, во колумна во „Шпиц“ објавив крај на мојот маратон. Потрошив многу новинска хартија за да го докажам она што е најважно, дека за нашиот национален идентитет е пресудно нашето историско име (Македонија), кое секако ќе биде основата на новото меѓународно име. Таа битка е добиена. Во таа колумна напишав: „Моите прогнози, сепак, ќе се остварат. Компромис ќе биде постигнат, Македонија ќе влезе во НАТО и во ЕУ. Жално е само што низ Вардар уште многу вода ќе протече додека тоа се случи“.

И еве, три години подоцна, иако Вардар и натаму безнадежно тече, можам со мирна совест да кажам дека мојата цел јас веќе ја постигнав. Денес сите зборуваат за компромис. Дури и Грујо се фали дека некогаш, некаде, под некакви услови, кандисал. Јас, пак, зборував за вистината тогаш кога другите не смееја или проценуваа дека „не е време“. Толку може и мора да стори еден новинар. А богами и Груевски ја постигна својата цел. Лажејќи го народот дека го бранел името, двапати победи на избори, воведе груб тоталитаризам, наметна корупција и цензура во медиумите, го загрози секуларниот карактер на државата, ги продлабочи поделбите. Стори сè што му беше потребно за да владее апсолутистички.

Вредеше ли? Мене не ме прашувајте. Јас не сум битен. Ја платив и ја плаќам цената за впуштањето во еден голем ризик. Прашајте го Груевски дали вредело. Не знам што мисли тој, но јас ќе ви одговорам со зборовите со кои ја завршив својата колумна од 19 март 2008 година: „Никакви избори, никаква сенародна поддршка, со која сега си ја храни душичката, нема да го спасат од политичка пропаст. Што се однесува до мене, може Грујо стопати да победи на избори, но ќе биде премиер на една осакатена држава, во која националистичката хистерија ќе биде доминантната идеологија, а политичкото насилство и деспотизмот клучен метод на владеење. Тоа е вистината, мили мои лажни патриоти и вреваџии. А за вистината не се гласа, ќе рече поетот Киплинг“.

Слики: Ben Heine

извор: Шпиц 05/06.03.11.

Сега Нико(го)вски се обидува

Сега Нико(го)вски се обидува на пастирот да му го поправи ’имиџот’ со провокации кон еден амбасадор. За да глумат ’решителни’ нема што нема да се обидат. Мислат светов е дпмневската кафеана, каде што може да се шамараат гостите што не им се допаѓаат. Овие веќе станале шешељовци!

"Вредеше ли? Мене не ме

"Вредеше ли? Мене не ме прашувајте. Јас не сум битен. Ја платив и ја плаќам цената за впуштањето во еден голем ризик."
јас мислам ти вредеше, неколку илјади евра не се мала пара и вреди ризикот.

“ Грујо стопати да победи на

“ Грујо стопати да победи на избори, но ќе биде премиер на една осакатена држава, во која националистичката хистерија ќе биде доминантната идеологија, а политичкото насилство и деспотизмот клучен метод на владеење. Тоа е вистината, мили мои лажни патриоти и вреваџии.“

Да де да разбравме, не мора

Да де да разбравме, не мора да повторуваш. народот е глуп како што кажа Героски а он е паметен. Па добро паметен е си најде спонзори и сега ќе навредува. Свака част!

Браво за Геро. За жал,

Браво за Геро. За жал, народов моронски не памети ништо, така да играчницата за вакви политиканти од дпмне е секогаш преполна.

Зашто не присуствуваш на

Зашто не присуствуваш на часовите по грчки ? Ни фалиш

А кога „високотиражниот“

А кога „високотиражниот“ „Шпиц“, ќе се раздолжи??? На 15ти Септември??

„..одбраната на уставното име

„..одбраната на уставното име е одбрана на идентитетот на нацијата“. И не само тоа Џеро, да те надополнам, одбраната на вистинското, единственото име Македонија, односно на самоизбраното (врз основа на наследеното) под слободна волја име на нашата држава, значи и одбрана на СЛОБОДАТА (за која толку дрндате, ама изгледа за пари ја заборавате). Токму така прифаќањето на крајно неразумните, национал-шовинистички барања на грција значи откажување од нашата СЛОБОДА, и робување на нивната волја. Никаква конструктивност нема во нивните барања, никаква разумна засовнаност. Е тоа ти е Џеро, ама твојата црпка, заслепена за пари изгледа ништо не разбира. И не само тоа Џеро. Те читам годиниве, се правиш најголем моралист, борец за човекови слободи и права (кои со залагањето на компромис на вакивте барања ги погазуваш), а немаш ништо од тоа бе Џеро. Еве да надополнам уште нешто победата во одбраната на името Македонија во овој апсурден спор, колку и да се чини невозможна, значи и цивилизациски придонес кон подобро човештво. Придонес кон градење на меѓународни односи засновани на почит, разум и мирољубивост. Исто така името Република Македонија значи и крај за сите раздори, нејаснотии, недоречености (кои би се отвориле со додавки и глупости) околку Македонија, односно конечна стабилност на Балканот. Батали го Грујо со Александар, Петко, Станко и спомениците. Можевме борбата за името (слободата) да ја поставиме на дебатата за човекови права и слободи, наместо историја (како што прави Грујо). Но не, ти лобираше да се прифати смена, да се прифати робување на неразумните желби. Да ти значеше нешто името Македонија, да ти значеше барем слобода, можеше преку своите врски во меѓународната јавност, да се залагаш за Македонија, а не да го бацуваш Кофос пред камерите кога ни дојде тука....

Е под суштината на коментаров

Е под суштината на коментаров можам да се потпишам. „Можевме борбата за името (слободата) да ја поставиме на дебатата за човекови права и слободи, наместо историја (како што прави Грујо).“ Ама, ова жестоко го отфрлаше токму Грујо, а ја имаше сета власт. Кога велевме да баталиме историја и да се повикуваме на слободата и на правото на самоопределување се појавуваа ликови кои крештеа: Зарем од Цандета Големио да се откажеме. И патем, некој спомена егејци. Сте го чуле ли Воскопулос (Филипов) некогаш да зборува за историја??? Не, за права зборува човекот, ја исмева грчката опседнатост со историјата. Ама, тоа и Гелевски го правеше во неколку наврати, па луд го правеа. Требаше една широка граѓанска опција да се создаде која на тој начин ќе го наметне проблемот, но, на таа карта Грујо тешко ќе можеше да игра. Оти тоа е картата на разумот и правдата. А СДСМ нормално, секогаш мора да има не само различен, туку нужно и 100% контра-став, затоа не можеше да нуди вака паметно решение. Секоја чест на неколкуте интелектуалци што излегоа со ваква идеја, ама за жал пројде возот. Се закопавме во антиквизацијата, и колку и вина да сносат оние што заговараа компромис, далеку повиновни се оние со Александар, Паљурци, Аминта и слични глупости.

@Гоце ака Томе Томе, велиш

@Гоце ака Томе

Томе, велиш ’Можевме борбата за името (слободата) да ја поставиме на дебатата за човекови права и слободи, наместо историја (како што прави Грујо). ’

Зошто не го покренете тоа кај Владата. Институционално да си ги побарате правата?

Не може цела Македонија да биде жртвувана заради амбициите на вас Егејците. Секако државата треба да ве подржи во оставрувањето на вашите малцински права во Грција.

Абе Тоше ака Ставре. Од кај

Абе Тоше ака Ставре. Од кај тоа дека јас сум Егеец? Нема далеку да стасаме со ваквото етикетирање. Еве за твоја и информација на сите, јас ништо немам со егејците, роден сум во Прилеп, татко ми е од Гостиварско, а мајка ми од Велес (и нејзе многу ја нервираат егејците како тебе), буквално никакво потекло од егејска Македонија немам, човек.

Очигледно Тоше ти воопшто не ме разбра, јас никаде не зборев за малцинските и човековите права на Македонците од Егејска Македонија. Напротив, името Македонија мене лично ми значи слобода и човеково право, па за тоа зборев дека ние Македонците (сите што живееме во Македонија) пред светската јавност проблемот со името, требаше да го претставивме како кршење на нашите слободи и права, наместо да се замајуваме со Александар, истории, егејци и слично. Зашто за мене лично, а верувам и на мнозинството името Македонија навистина им значи слобода, човеково право и достоинство. Жалам ако на тебе не ти значи ништо и за грст пари како и Џеро ќе се откажеш и ќе робуваш, и за жал ќе бидеш прелажан.

Името сега ни е БЈРМ. Значи

Името сега ни е БЈРМ. Значи еднаш е сменето. Додуша се вика референца, ама во ООН е сменето. Па не престанавме да се викаме Македонци ни да зборуваме македонски. Та и Грујо призна дека во 2008 прифатил РМ (Скопје). Зошто Грците бараат смена на името? Да се откажеме од територијални претензии? Да не снема како народ? Еве и второво нека е точно. Ама зошто ЕУ би не примила во членство ако треба да не снема? Зошто Америка би сакала да не снема? Можеби не се толку против нас? Ако се додаде некоја географска референца на ЕУ и САД ќе им помогнеме да ги смират Грците, кои исто им се сојузници. Значи тие мора да водат сметка и за грчките барања. Ние си остануваме Македонци и јазикот си останува македонски. Тоа стопати го кажаа амбасадорите. Со географска одредница се откажуваме од Голема Македонија, или Цела Македонија, како сакаш. Значи и тоа е некоја жртва, ама неа мора да ја прифатиме, тие територии се изгубени. Сега тоа не можат да го поднесат Егејците, оти после сите жртви ќе прифатат дека се откажуваат од територијата, ќе им се подсмеваат Грците. Ама што може да се прави? Може да им се посредува во остварување на малцинските права, како дел од некој паралелен процес.

Ставре, Грција бара промена

Ставре, Грција бара промена на Уставното име, а не на Референцата во ООН. Не биди глуп. Информирај се. Ај.

131 земја не нарекуваат

131 земја не нарекуваат Македонија, а на пасошите и личните документи со кои одиме во странство секаде (освен во Грција) пишува Република Македонија (а не БЈРМ). Така што кога со пасош на кои ме примаат Република Македонија ме примаат насекаде во светот освен во грција (они лист хартија ни даваат, нормално) и 131 земја не признаваат како Македонија, извини ама името ни е Македонија. Да ни9 беше БЈРМ името, немаше Грција да прави олкави притисоци за наоѓање на ново (трајно) име. Да бевме БЈРМ (односно да не бевме Македонија) ќе се согласеа под тоа име да влеземе во НАТО. Значи името ни е Македонија, а не БЈРМ, штом уште бараат смена. Затоа немој со тие жаркотрајаноски аргументи.

Ај еве јас да те прашам, зошто бараат да го смениме името за да влеземе во организација во која ќе бидеме сојузници??? Поголема глупост амин!!! Ќе бидеме сојузници во иста организација, а тие кутрите (5 пати поголеми по население, територија) се плашеле од „територијални претензии“. Немој со овие денкомалески аргументи, крајно смешни, глупави и неиздржани се. Ирското решение е најправедното (Republic of Ireland и Northern Ireland). Затоа што во Грција и онака не постои еден ентитет Македонија, туку постојат 3 провинции Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија и ние секако сме Република Македонија, какви одредници какви глупости. Згора на се уставно гарантираме со амандман дека немаме никакви територијални претензии, кои се надвор од разумот! Каква „голема“ Македонија, какви глупости, ниту сме реално способни за тоа, ниту некогаш било тоа официјална државна политика, за разлика од државната политика на Грција во чиј парламент (законодавен дом) стои мозаик - карта на голема Грција, што опфаќа територии на денешни суверени држави нејзини соседи!!!

А за Македонците во Грција, нема што ние да посредуваме како држава, Павле Филипов (Васкопулос) самиот си кажа. Тие се државјани на Грција и во Грција ќе се борат за своите права, не им треба помош од нашата држава (тоа „Виножито“ го смета штетно и за нас и за нив таму). Ние како Македонци сонародници можиме да им пружиме братска помош на културен, образовен, духовен, материјален и секаков друг план.

Тоа што го спомнуваш пасошот

Тоа што го спомнуваш пасошот и одењето во странство, јасно покажува дека проблемот со името има пред се меѓународна карактеристика или е проблем на перцепција од странство. Значи самиот идентитет внатре и самоперцепцијата не се менуваат. Тие се чувствуваат само при интеракција со надворешниот свет. Таа повратна врска не треба да не застрашува. Сме биле Македонци и во Отоманската имеперија, без држава, нормиран јазик или било какво признавање од страна на тогашната власт.

131 држава не признаваат како РМ, ама другите 60-на како БЈРМ. ВО документите на ООН и ОБСЕ сме БЈРМ. Грците веројатно не прифаќаат решение БЈРМ оти можат да изнудат и подобро решение за себе.

Името на државата е работа на меѓународна кореспонденција и комуникација. Не е онтолошки аспект на народот.

Зошто сметам дека Грците го перцепираат како територијална закана? Тие ги гледаат картите на Обединета Македонија, една таква имаше и покрај главата на премиерот при едно чествување на гробот на Гоце Делчев. Грците тврдат дека Македонија е нивна област и исто полагаат право на користење на терминот македонец, ама како грчки. Ние по некој случај да ја задржевме цела Македонија, ќе им признаевме на Грците право да бидат Македонци? Не, ќе тврдевме дека Македонија е наша земја, а тие ќе беа малцинство.

Треба да се најде компромис. Ако сме паметни, ќе извадиме најмногу што се може и ќе ги придобиваме сојузниците. Ако сме магариња, ќе се инаетиме, ќе ги навредуваме пријателите се додека не не пуштат низ вода. Кога ќе почнеме да тонеме, може ќе ни дојде паметот.

Споредбата со Трајаноски и Денко Малески е голем комплимент.

Васкопулос сигурно не е глупав отворено да бара мешање од Македонија.

Аргументите од типот, во

Аргументите од типот, во отоманско време без држава бевме Македонци, па ај сега да се согласиме да го смениме името, се крајно неиздржани, да не речам глупави. Ќе се враќаме чекор назад? Ќе се откажуваме од цивилизациска придобивка за која страдале луѓе и од загарантирано човеково право, само заради глупавите, шовинистички барања на Грција (која поуспешно лобира за нив во светот, зашто нема Џеровци)?

Името е суштина на секој идентитет. Не за џабе Грција е толку упорна иако знае дека ние не претставуваме никаква закана за нив, особено не, затоа што се стремиме да влеземе во сојуз каде што се членки тие. Многу убаво целат (само) на името. Името (за мене) е суштинска работа на мојот идентитет, но уште повеќе на мојата слобода, да бидам онаков каков што сум (Македонија) бидејќи со тоа никого не загрозувам. Како граѓанин на слободна држава која се вика Македонија, сакам таа и меѓународно (и секако друго) да се вика така - Македонија, зашто нема друга држава со такво име и уште повеќе затоа што таа има право на тоа.

Никој никогаш не им бранел на грците да бидат што сакаат, но треба да се направи јасна разлика, нашиот МАКЕДОНСКИ идентитет е етнички и национален, а нивниот е само географски, како што јас сум прилепчанец. Тие сепак зборуваат на грчки (мајчин) јазик, делат иста култура, обичаи и национална свест како Грци, а не како Македонци (како што сме ние). И тој аргумент им паѓа сосема во вода.

Ние да сме доволно силни нема

Ние да сме доволно силни нема да се поставува прашањето. Ни требаат пријатели, сојузници - повеќе од што ние им требаме на нив.

Калимеро, нема правда! Тоа е што е. И Србија го сака Косово, и Република Српска не сака во Босна, и Босанците не ја сакаат Република Српска, и Курдите сакаат држава.

Не можа да се имаат сите слободи одеднаш. Тие се остваруваат постепено. Многу е попаметно да влеземе внатре во клубот, па одтаму да си ги редиме работите.

Така би правеле умни луѓе, ама ...

За крај на вечерва би спорел

За крај на вечерва би спорел малку околу нивните „аргументи“ за промена на нашето име. Барем околу ова можевме да ја запознаеме светската јавност. Ниту еден нивен аргумент за промена на нашето име Македонија, нема никаква разумна заснованост и со самото тоа е директен напад врз нашата слобода и постоење од нивни шовинистички причини.

Еве ги аргументите кои тие ги користеа сите овие години:

1. Тие биле единствени потомци, наследници и споственици на античката историја на Македонија, од каде што потекнува името Македонија, па според тоа името било единствено „нивна“ споственост и културно наследство.

Скаран сум со историја и воопшто не сакам да спорам за и околу нејзе, но нејсе. Факт е дека името Македон(ија) потекнува од антиката. Но според некое општочовечко разумно мислење никој нема ексклузивно (етничко) право на тие работи. Археолошките наоѓалишта и остатоците од сите култури што се наоѓаат на територија на одредена држава се дел од нејзиното културно богатство. Културното наследство на Македонија е составено од камено време, антика, Рим, среден век, ориенталните остатоци, истото е со нивната земја и со сите други. (Апсурдно е Италија да рече дека само таа е населдник и сопственик на римското културно наследство). Згора на се факт е дека низ историјата (посебно 19 век) нашиот народ го користел името Македонија за сопствена национална афирмација, еманципација и политилка акција (тие не го користеле). Друга држава не носи име Македонија, што значи нема забуни, дека ние можеме да го носиме тоа име....

2. Сме имале територијални претензии, да им го земеме северниот дел од нивната државна територија...

Крајно апсурдно, глупаво и неиздржано. По население и територија сме 5 пати помали од нив. Воено сме 10 пати послаби. Членки се на светски системи за колективна безбедност. Згора на се идејата за Обединета Македонија, која не е официјална на нашата држава, секогаш ќе постои и никогаш нема да се искорени кај одредени луѓе, кои како слободни граѓани имаат право да ја пуштаат во јавната сфера (преку слобода на говор, формални и нефромални здруженија). Дури и да се смени името, тука во Македонија, пак ќе има луѓе кои ќе ја поддржуваат идејата за Обединета Македонија. Пак ќе има карти, можеби и уште повеќе од сега.

3. Да се смени името зашто ќе се направела забуна за која Македонија станува збор....

Како да не! Никаква забуна нема да стане. Ние сме држава со меѓународно правен субјективитет, тие имаат провинции во внатрешното уредување на државата. Никаква забуна не може да стане. Постојат вакви примерив во своремениот свет, никаде не постои и не настанала забуна.

4. Тие биле македонци, па ај да го смениме името...

Реков претходно тие се македонци само географски (како што сум јас прилепчанец), ние сме Македонци етнички и национално. Никаква забуна не може да стане тука.

Глупост до глупост. Ништо нема тука издржано што би требало да не убеди дека треба да се направи промена на името, откажување од слободата и робување на нивните желби (мислам на државата, не поединците на грчкиот народ).

Згора на се некои како Џеро тука викаат да сме покажеле „европски манири“ да прифатиме промена. Ај да прашам, а дали во „европски манир“ е нивново барање за промена на името? Дали е воопшто европски, или човечки?

П.С. За напаѓањето на амабасадорите, не сакам да коментирам.

А и да не го заборавам овој

А и да не го заборавам овој аргумент даден од нивна страна од Дора Бакојани, непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт:

5. Македонија бил поширок географски регион (го покажаа од карти со граници исти како тие на Обединета Македонија), од кои тие имале 51% (па според тоа имале право на името Македонија)...

Е добро имаат 51%, но тоа е само четвртина (25%) од нивната државна територија како грција. Целата нашата државна територија (100%) е припаѓа на тој регион Македонија. Целата наша држава е дел од регионот Македонија. Хорхе тутурутката го кажа ова еднашка, ама пусти тој, каков што го дал господ, сите знаеме што испадна.... И кај не води ова... Никаде, ние го имаме правото државата да се вика Македонија и во меѓународна употреба и на секаква друга, тие имаат право нивни провинции да ги крстуваат Македонија. Познато е во денешниов свет дека има такви случаи (Романија и Молдавија, Турција и Ерменија, Белгија и Луксембург...)

За крај (и навистина толку од мене), светската политика се залага на моќ, но во светската политика сепак стварно (реално) постојат меѓународни организации и правила на кои можеме да се повикаме. И Косово беше помало и понемоќно од Србија, но го извојува она што го сакаше, само затоа што имаше сојузници кои ги убеди да застанат зад нивните интереси. Ние требаше тоа да го сториме, а не да се лигавиме и да бидеме мивки пред нашите сојузници. И тие да не сакаа да не чујат, среќни сме што живееме во свет на масовни комуникации со слободен пристап, кои сесрдно требаше да ги искористиме. Наместо нашата дијаспора од која живци ми се кинат, да се кара за Александар, можеше поинаку да влијае. Наместо Џеро и компанија да се бацуваат со Кофос, да навредуваат по весници и колумни, да мешетарат можеа поинаку да влијаат. И на крај, најбитното наместо Грујо, Хорхе, Тончи (кој веел бугарски државни знамиња) да не замајуваа со глупости, самата нивна позиција во државава и во светот можеа поинаку да ја искористат.

Но никогаш не е доцна! Никогаш не е доцна, кога се работи за слобода, правдина, вистина! Тие секогаш на крајот победуваат!

Толку од мене, бидите поздравени сите, кои и да сте (Македонци, Алабанци, егејци, прилепчани, Грци...) какви и да сте - СЛОБОДНИ ЛУЃЕ!

Гоце, ти си фанатик и

Гоце, ти си фанатик и демагог. Таквите ко тебе прават несогледливи пичвајси, на кои, на Балканов, за жал, навикнавме, дури и во 21 век.
Од уста не ја испушташ слободата. А што е слободата? За мене, во прв ред слободата значи отпор кон теророт на мнозинството и едноумието. Што значи, во Македонија денес знамето на слободата го вее оној што се обидува да остане надвор од националната машина за мелење месо. Значи, во Македонија слобода е да не и’ робуваш на идиотската македонштина (демагошка, која служи за владеење на вештите и потчинување на невештите). Така и во Грција, Србија, Хрватска, сегде... Но, за тебе, Гоце, слободата е среде златна Македонија да се бориш жестоко и безрезервно за Македонија?! Кај е тука ризикот, кај е храброста, кои се придружни доблести крај слободата?! Да урлаш во запустена груевистичка Македонија (која полека ги напушта дури и африканските стандарди за цивилизација) дека македонството се спелува со слобода - збори, Гоце, повторувам, дека се или фанатик (лудак) или уште еден спин доктор од извештените (со пари!, против кои исто така демагошки сиктиш) груевистички доктори (ала Мирка, Латас, Никовски и слични манијаци и потпалувачи).
Борбата за твојата лажна „македонска“ слобода, Гоце, денес во оваа тотално раскантана земја (ќе остане само плочката со името, после русвајот на лудиот научник со неговите хемиски експерименти) значи борба за мафијашката дружина на Фамилијата - и ништо друго. Ко што Милошевиќ и ЈНА генералите ја бранеа Југославија, така денес груевистите ја бранат Македонија. Тргнавте да ја уништите земјата, и не ви е прв пат. За вашите успеси сведочи токму африканското ниво на развој на земјава. Но, не ви е доста, очигледно. Малку се 32% сиромашни (светскиот стандард за минимум преживување е два долари дневно!; овде и тоа изгледа луксуз) и малку се една третина невработени и малку се 80% од младите кои сакаат да бегаат од земјава... Важно е да се изигра уште една битка за сатрапот и за трговците на македонштината...

I jas bi da se boram protiv

I jas bi da se boram protiv terorot na mnozinstvoto. Moze li da jadam torta dodeka go veam znameto?

Ако официјална Грција не’

Ако официјална Грција не’ мрази нас Македонците, каква корист тогаш би имале тие од „компромисот“?! Зашто би го плаќале Героски и другите „предавници, соросоиди“ итн?! (патем, во Грција Сорос се смета за промакедонски и проамерикански играч контра грчките интереси) Логиката е дека Грците би требале да ги поддржуваат овдешните екстремисти, од типот Никовски, Латас, Мирка, Грујо итн. Никој немаше поголема корист од антиквизацијата на Македонија (која ја спроведува груевизмот) - од Грција. Република Македонија со Груевски и со неговите радикали-идиоти (дел од нив контролирани од грчките и српските и руските националистички делови од тајни служби) изгуби најмалку една деценија и ги изгуби сите макотрпно градени меѓународни позиции. Денес евидентно фашистоидната власт во Грција (тоа е единствената точка во која Гоце има право) има миљон пати подобри меѓународни позиции во однос на сатрапијата на Малиот-Големиот, Златниот-Црниот, велечесниот Грујо! И уште, вие Славо-Македонците, се палите на грчко-груевистичките финти!? Героски платеник?! Па цела сегашна влада на горда Македонија прими бакшиш (бедни 120.000 евра) од типац-криминалец Атила Сендреи (и Ломброзо ќе го прочиташе, со џигер фризурата). Еден мочан Телеком контролиран од мочана унгарска лоповска фирма е појак од сите мочани македонски влади на здружените ВМРО и СДСМ! А што се однесува до сегашната сатрапска влада, само таа мочана влада спичка крвави милијарда евра народни пари за процесот на антиквизација... И Героски е платеник и предавник?! И Денко Малески и Жарко Трајаноски и Владимир Милчин?! (Милчин кој во Македонија донесе сто милиони евра е предавник во однос на Златниот-Црниот кој потроши десет милијарди евра за четири години?!) Тоа се лудачките (а всушност, мошне лукративни, мошне доходовни) логики на големите борци за „македонштината“...

"Се обидов да објаснам дека

"Се обидов да објаснам дека државите се резултат на стремежот на нациите да се конституираат како државни творби, а не обратно - не произлегуваат нациите од државите, следствено на тоа, ниту елементите на идентитетот на нациите не произлегуваат од елементите на идентитетот на државите." - Преаматерски за еден донкихотовски борец. Дали господинот може да го каже истото за примерот на Франција, Германија, Америка...? Овој процес споменат од од Геровски одговара за примерот на т.н "мали народи на Еврпа"(Кундера)во кои несомнено спаѓаме.Меѓутоа земјите кои што започнаа да го увезуваат романтизмот, национализмот поминаа низ обратниот процес. Затоа, малку повнимателно со генерализациите.

Луѓе што воопшто реагирате и

Луѓе што воопшто реагирате и се нервирате?

Да го цитирам дичниот ни преродбенички патриот Гоце (Томе)
“И Косово беше помало и понемоќно од Србија, но го извојува она што го сакаше, само затоа што имаше сојузници кои ги убеди да застанат зад нивните интереси. Ние требаше тоа да го сториме, а не да се лигавиме и да бидеме мивки пред нашите сојузници“

Само една ветрушка што ништо не разбира од светов и политиката може да траска вакви зелени. Како да се Албанците само на Косово, а не и во Албанија и во Македонија и во Црна Гора и во Грција и со моќна емиграција која досегаше и до Клинтон и до Елцин. И дека Америка интервенираше и да го манипулира и исламскиот фактор итн, итн.

Вакви шутраци треба малку да ги испровоцираш и ќе си го покажат знаењето и до каде им досега умот.

Уште нешто од истиот

“Но никогаш не е доцна! Никогаш не е доцна, кога се работи за слобода, правдина, вистина! Тие секогаш на крајот победуваат!

Толку од мене, бидите поздравени сите, кои и да сте (Македонци, Алабанци, егејци, прилепчани, Грци...) “

Тра-ла-ла.

Ваков во основа припрост и самобендисан тапчо се нашол да навредува, да обвинува за предавство, да кажува кој бил платеник.

Далеку ќе не одведат ’преродбенициве’!

Вриеш од навреди човек, прв

Вриеш од навреди човек, прв почна да етикетираш... далеку ќе стигнеме со ваквите твои навики.

Не етикетирав никого, Жарко Трајаноски и Денко Малески ги спомнав од аспект дека тие 2 највеќе ги застапуваат тие аргументи. За лицемерието на Џеро не сакам ни да зборам, но не го нареков предавник.

А околу тоа за Косово, драги Тоше, и ние имаме дијаспора, и ние имаме пристап до современи медиуми и меѓународната јавност, имаме признати државни органи, имаме меѓународни фондации кои се овде... Имаме се, само треба да кажеме, ако навистина сакаме и ни значи. Ако не ни значи и не сакаме нека е на здравје, слободен избор. Да бидеш спротивно со ставовите на мнозинството, да правиш што сакаш. Навистина толку од мене, добра ви ноќ.

Продолжете со навреди и натаму, пак ќе ви го читам сајтот и ќе ви коментирам понекогаш. Добро е што навредувате, лепите етикети, барем сум предизвикал некое чувство кај вас, ме перцепирате дека постојам (само внимавајте ваквите изливи на бес, гнев, омраза да не ви штетат по здравјето). Исто како Џеро што им крева притисок на изродбенициве, а со тоа си ја покажува и потврдува својата важност.

Поздрав од ваш редовен читател

Се додека на страна на СДСМ

Се додека на страна на СДСМ се Гелевски, Геровски, Рамковски...Милчин јеботе.. со раководство како БЦ, Бучко, Заев, и најарогантниот сурат Јакимовски со самозаљубениот Фрчковски...пфффф Грујо не треба да се грижи за својата иднина! Па погледнете, „големиот професор“ „Фрле“ изгуби катастрофално од својот непознат колега со говорна маана „Хорхе“. Чуму ти е тогаш таа цела негова „слава“ и „големина“. Неговиот поган јазик, со манири на асоцијален необразован таксист,колумни полни гнев и омраза, го истакнаа неговото вистинско лице, лице кое го крие својот примитивизам за пурите што ги пуши! Необразованиот Гелевски, кој мисли дека со копирана и уште пожестока метода на навредување, ќе му го испере мозокот на обичниот човек, доживува сопствено харикири од неговите читатели. Ако некогаш некој го почитувал, денес половината од нив го имаат спротивното мислење, најмногу поради неговата дволичност и лицемерие! Со ваква омраза и навредување кон својот народ, со вакво потценување, нив ништо друго не им останува на располагање, освен дигање џева, омаловажување, и обиди за дестабилизација, закани за недемократски методи со кој би дошле на власт. Стравот дека губат им е во коски и они нема да излезат на следните избори, тоа е веќе решено одамна, они ќе пробаат народот да го натераат да дигне рака на себе, но како бумеранг сето тоа ќе им се врати, и бумерангот главата ќе им ја скрати!!!

15ти Септември, јадна слепа

15ти Септември, јадна слепа рипко од подрумите на изродбата, гнила печурко порасната во мрак и влага, веќе изборот на името (15ти Септември) се’ открива: штапски инстант идентитет кој отсликува тотална опседнатост со каузата на Фамилијата; опседнатоста оди дотаму што името - идентитетот на еден човек - се заменува со острастени партиски флоскули.
Глеј си ја, беден идиоте, следнава реченица: „они ќе пробаат народот да го натераат да дигне рака на себе, но како бумеранг сето тоа ќе им се врати, и бумерангот главата ќе им ја скрати!!!“
Што ти е, бе, будало?! Што бладаш?! Народот ќе дигне рака на себе?! Народот може да дигне рака на аздисаните, на забеганите, на оние што ја опљачкаа државата до коска, на оние кои наместо леб му понудија на народот да гризе мермер и бронза... Или мислиш, будалче, дека народот ќе дигне рака сам на себе, да се казни, да се самоизбичува, ради изборот на Златниот-Црниот?!
Не, не, не копчам, прости! Ти викаш дека народот ќе им рипне на опозиционерите и на оние што се бунат против груевизмот фрлајќи бумеранзи! (јеботе, какви глуперди! коа секој знае дека бумерангот ти завршуе у сопствената тиква) Каков чудесен коперникански пресврт нудиш ти, мило гнило будалче, 15ти Септеври! Ало, Гадафи и Мубарак! Дојте кај Златниот-Црниот да виите како народ завршуе со... - народ! Како народ се справува со... - дисидентите! Како, бе, мил гнил шупаку, 15ти Септеври, не ти текна малку порано мудроста за народот и бумеранзите, па да им ја извезеш на Африканциве слепи при очи?!
П.С. На кое ниво е спадната изродбава - не е, просто, за верување. Бичиклиски, Протоѓер, Димовски - идеолошкиот и пропагандниот труст на (пилешки) мозоци. Земјо Македонијо! Отвори се, земјо, и проголтај ја дупкава! Избори ли се или е најтажен, најмизерен провинциски панаѓур со кљакави магариња, шугави мачки и претепани кучиња што изигруваат зоо парк?! Каква беда, боже, ВМРО! Па и конгрес, јеботе, имале! За пар години нема да веруваме дека вакви идиоти можеле да не’ снајдат!

Тито да беше жив, сега ти

Тито да беше жив, сега ти Коља ќе беше на негова страна, онаа страна на диктаторите, како Гадафи и Мубарак, и немо ќе гледаше како народ завршуе со ...-народ! Готов си Шизо!!!

Идиоте, што се палиш ко хепо

Идиоте, што се палиш ко хепо коцка, ко млад мајмун?! И појасни ми: во која смисла сум готов?! Ќе ми забраните да пишувам? Да објавувам? Ќе ме тепате? Ќе ме исчезнете?! Аман, бе, стоко! Контролирајте се! Не е смак света паѓањето од власт! Демократија е, по ѓаволите! И утре денот изгрева! За сендвич од подрум, за клатење врата во државна фирма, спремни сте грклани со зуби да кинете! Смири се, значи, идиоте, 15ти Септември, и, апелирам, замоли некој таму попаметен да ти го смени името, оти на целата ништожност и анонимност, дополнително се брукаш со понижувачко име. А името е светиња, зарем не?!

„Ќе ми забраните да пишувам?

„Ќе ми забраните да пишувам? Да објавувам?“
Кој може да ти забрани тебе, само Милчин, креаторот твој! Он ако ти каже мукла и мукла ќе биде. А ГОТОВ СИ е во смисолот на тоа што ти за џабе ќе пишуваш и објавуваш кога никој повеќе нема да те чита, па да ги купува твоите „книги“ - боже сачувај.Тоа и сам го знаеш, тоа и сам можеш да го приметиш на твоево Окно, кој те чита и кој ти коментира на твоите квази-стручни анализи. Затоа ТИ, мистер КВАЗИ-ПИСТАЕЛ-ИЗДАВАЧ, ти КВАЗИ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦУ, готов си!!!

А за тоа „Ќе ме тепате? Ќе ме исчезнете?“.

Кој се замара со тебе несреќо, ситна риба(роба) си ти, дуќанчина (шо би рекол твојо Рамковски).

Значи, будалче, научи уште

Значи, будалче, научи уште една лекција (какво-такво, Окно што „никој не го чита“, врши работа: чат-пат, колку што се може - а малку се може, зашто сировината е сува цепаница - описменуе неписмени изродбеници): „ГОТОВ СИ!“, мил гнил шупку, 15ти Септември, моеш да му напишеш на Златниот-Црниот или на Гадафи или на големата инспирација Слобо; но на колумнист, издавач, човек кој само кој го има тој ксмет да мисли различно од изродбата - не можеш, стоко недотупавна, 15ти Септември, да му каеш „ГОТОВ СИ!“, оти тоа наликува на физичка закана, и тоа од најрадикален тип. А за тоа се иде и у затвор (добро, бар се реформирани, да не се секираш). Иначе, мило гнило будалче, лесно изречените зборови, лесно дадените (сам на себе, несреќо!) имиња, мораш накнадно да ги сркаш по уфлеканиот под, ко повраќаници, капираш?!

15ти Септември, колку само ти

15ти Септември, колку само ти смета таа дата, тоа име, колку само те вади од кожа! Не шизи Квазо! Уживај во моментот и убавината на денот, 15ти Септември!

Збунет сум сега... Што беше

Збунет сум сега... Што беше на 15 септември? Бранко го почисти патосот пред себе со Љубчо, 2002? Освои пола милион гласови, чинам?! Како и после, на претседателските избори 2004... Не копчам, зашто преродбеников е толку напален на 15 септември?! Да не е некоја Бранкова кртица во штабот на Фамилијата?! Или е незадоволен од сендвичите и количеството светлина во мрачните подруми на изродбата?! Кажуј, машко! Не си криј! (ко тој 609-иот кандидат што на конгресот не гласал за Златниот-Црниот, него само нацртал срце, ах, изродбеници, стварно на емоција фаќате, стварно сте големи и праведни зашто срцето не сте го броеле ко 609 од 609. Или тој еден сирот цртач е пукнатината?! Кој ќе знае...)

w

w ww.youtube.com/watch?v=T50R2cMtur8

на 15ти Септември! Гледај и памти, и заборави ако можеш, 500 000 гласа еј, памти го денот, затоа што ќе остане во историјата кога БЦ добил 500 000 гласа! На 15ти септември! :))

w

w ww.youtube.com/watch?v=OwjdIt48e1U

Ах, Геро, Геро... Закоравен

Ах, Геро, Геро... Закоравен комунистички полтрону!
Ја знаеш народната: „Внимавај што посакуваш, може и да ти се оствари!“
Во случајот: „Пази што посакуваш, може да се појави Груевски и да ти ја исполни желбата па да кукаш после!“

ОкоБоли главаВицФото