1015 hPa
88 %

12 °C
Скопје - Сре, 26.03.2025 05:59
На 24-ти октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во кафе бар „Котур”, ќе се одржи разговор со наслов „Машкиот поглед на родовата еднаквост”, како дел од серијата настани „Родот и градот”.
„Родот и градот” е серија на настани низ кои се разгледуваат различните аспекти на родовата еднаквост - пред сѐ културни и општествени, како таа се разбира меѓу поединците и колективите, но и предизвиците со кои се соочуваме при нејзиното спроведување.
Првиот разговор е инспириран од потребата да се иницира нијансирана дискусија помеѓу мажите за родовата еднаквост, нешто што не го гледаме често во јавноста, а носи наслов „Машкиот поглед на родовата еднаквост”.
Разговорот ќе го модерира Ирена Цветковиќ, а како панелисти свое излагање ќе имаат:
Бобан Карапејовски
Никола Гелевски
Ѕвездан Георгиевски
Проектот е кофинансиран од Kvinna till Kvinna и UK International Development.