Отворање на изложбата „Тука, но некаде другаде”

24.10.2024 12:18
Отворање на изложбата „Тука, но некаде другаде”

Вечерва, 24 октомври (четврток), со почеток во 19 часот, во Мала станица, ќе биде отворена групна изложба насловена Тука, но некаде другаде.

Уметници: Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев, Ленка Ѓоројевиќ ▪️
Кураторка на изложбата е Јана Старделова.

Изложбата „Тука, но некаде другаде”, ги истражува универзалните човечки искуства на мобилност, движење и припадност преку лични приказни. Прикажува дела на седум уметници чии практики комбинираат локални и регионални перспективи. Делата на Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев и Ленка Ѓоројевиќ ги вткајуваат заедно динамиката на раселеноста, транснационалните идентитети, колективноста и променливото чувство на припадност на оние кои ги минуваат границите. Кураторка на изложбата е Јана Старделова.

Нивните дела истражуваат интимни картографии на припадноста – без разлика дали е доброволна, присилна или замислена, низ времето. Замислено како долгорочна иницијатива, „Тука, но некаде другаде” нè предизвикува да мислиме на луѓе наместо на географии, да ги замениме омразата и стравот со солидарноста. Наместо да има за цел да прикаже фиксна перспектива или да докаже нешто, таа го свртува погледот кон промената, како се стигнува до неа и како таа влијае на нас и нашите заедници.

Повеќе за изложбата можете да погледнете на линкот.

Превод од англиски: Душица Лазова

Дизајн на постер: Леа Јеленко

Копродукција: Галерија Škuc, Tiiiit! Inc.

Благодарност до: Ненад Тонкин, Завод Ибе Пали, Зала Велкаврх

Поддржувачи на проектот: Equality Fund, Mondriaan Fund, Sigrid Rausing Trust, Министерство за култура - Словенија, Министерство за култура - Северна Македонија, Mestna občina - Љубљана.

Извор: https://tiiiitinc.com/mk

ОкоБоли главаВицФото