Фестивал „Здраво млади!“

08.03.2011 12:57
Фестивал „Здраво млади!“

Здраво Млади!

Знаеме дека ви е невозможна мисија секое излегување да слушате исти тезга бендови со проклето истиот репертоар.
 
Знаеме и дека уште повеќе ви прекипува кога плаќате карта за концерт како да купувате акции на берза, а таму кај истите „тезга“ нумери, внатре ги гледаш татко ти и мајка ти, сосе комшиите и кумовите, како грлато не промашуваат ни еден стих. Едноставно уживаат во бендовите од нивното време (она време во кое било многу поубаво од сега, ви текнува?)
 
Сте помислиле ли дека и ние имаме право на „наше време“? 
 
Е па... ЗДРАВО МЛАДИ!
 
22-ри и 23-ти април во Младинскиот Културен Центар. 
15тина бендoви, артисти и диџеи со нова музика... 
 


Младински Културен Центар во соработка со музичкото радио Канал 103 за премиерното издание на ЗДРАВО МЛАДИ! ги претставува: 

NO AGE, еден од највозбудливите нови американски гитарски бендови, 
ULRICH SCHNAUSS, раскошниот германски синтисајзерски харизматик, 
британските електро хип-хоп легенди BOMB THE BASS
канадското електро-гитарско дуо HANDSOME FURS
новата one-man хип-хоп сензација LUSHLIFE
психоделичната краутрок супергрупа MOON DUO
скопското динамично инди трио ХАХАХА
култното гаражно комбо од Грција NO SIN
бугарската фјужн трип-хоп група NASEKOMIX,
српската пост панк дружина KRIŠKE
нашиот авангарден импровизатор ADI
како и хрватското future-pop откритие HEMENDEX.

Бргу клик на линковите и вежбајте. 
 
А за карти вака: за двете вечери 400 денари до 1 април.
 
Кој не стигне има шанси за уште еден поправен до 21 април за цена од 500 денари.
 
На врата 700 денари..
 
Млади, ќе има и уште...
 
Следете нè на www.zdravomladi.com.
 

ОкоБоли главаВицФото