1029 hPa
37 %
18 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 12:59
Во среда, 30 октомври, со почеток во 18 часот, во пабот „Ѕе”, ќе се одржи работилница за експериментална поезија водена од Марија Грубор.
„Aко ти се пишува поезија ама мачно е да почнеш, веќе пишуваш ама немаш каде да ги споделиш искуствата, или сакаш да откриеш нови појдовни точки за создавање поезија - придружи ни се на бесплатна работилница за експериментална поезија и дружба со млади македонски поети”, стои во најавата за работилницата.
Присутните на настанот ќе имаат можност да креираат blackout и колаж поезија, да го трансформираат постоечкото во нови оригинални облици, да разменат инспирација и да вежбаат изведба - во опуштена и пријателска атмосфера на поддршка и спонтаност .
Заинтересираните за работилницата, своето учество можат да го пријават на magia.rubor@gmail.com.
Организаторите на работилницата им порачуваат на сите кои ќе се пријават, да понесат книга, весник или списание кои не им се потребни, а грижите околу „дали доволно ме бива” слободно да ги остават дома. „Магијата ќе ја создадеме заедно, а поезијата им припаѓа на сите!”, велат тие.