1023 hPa
71 %
10 °C
Скопје - Пет, 12.12.2025 16:48
Со детската и лицемерна, симплицистичка манипулација на Меџити, Касами, Гаши дека де ќе условат, де нема да го условат учеството во кабинетот на Мицкоски со уставните измени, ВЛЕН си го уништи сопствениот кредибилитет, вредносна цена и политичка улога во очите на ЕУ и САД. Не дека не им беше дадена шанса да се покажат и докажат. Но нудење на голем двор на пилиња навикнати на маалски бавчички очигледно ги има разубедено партнерите за употребната вредност на ВЛЕН. Затоа, реставрацијата на кредибилитетот и политичкиот гравитас на Меџити и Касами не води преку петлешко кукурикање против ДУИ, туку преку предизвикот на дистанцирање од Арбен Таравари. Онака како што опозицијата на ДУИ кон ВМРО ќе остане сведена на празна реторика се додека Ахмети не се дистанцира и огради не само од СДСМ, туку и опкружувањето со соработниците со сдсмовски мајндсет и спид-дајл контакт со Бихаќка. Во обата примери, не поради етнички мотиви, туку заради зачувување и развивање на стратешкото партнерство со САД, ЕУ, НАТО.
Арсим Зеколи, Дојче веле, 17.10.24.