1010 hPa
53 %

22 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 09:59
Може да се каже дека секој уметник/ца со секоја слика произведува две уметнички дела: платното и површината каде што се мешаат пигментите. Книгата насловена „Палетите на уметниците”, објавена од Универзитетот „Принстон” нурнува длабоко во безвременската алатка која е дел од секое уметничко ателје, истражувајќи ја убавината на процесот.
Палетата на Едвард Мунк (без датум), боја на дрво. Употребена благодарение на Музејот на Мунк, Осло. Фотографија: Музеј Munchmuseet.
Составена од историчарката на уметност и писателка Александра Лоске, книгата содржи педесет палети користени од историските уметнички великани, од Едвард Мунк и Пола Модерсон-Бекер до Кери Џејмс Маршал.
Последната палета на Пола Модерсон-Бекер (1907), боја на дрво и метал. Благодарение на фондацијата „Пријателите на Ворпсвед”, колекцијата „Кесеглок” и туристичкиот информативен центар „Ворпсвед”. Фотографија: Рудигер Лубрихт.
Лоске ги претставува палетите како објекти - исушена боја, истрошени рабови, добро извежбани шарки, обоено дрво. Секоја палета е претставена заедно со една или повеќе слики од секој од уметниците застапени во книгата. Покрај тоа, таа ја анализира мешавината на пигменти, истакнувајќи ги односите на боите кои ги осветлуваат и разјаснуваат користените методи и изборите што довеле до завршеното уметничко дело.
Палетата на германската експресионистичка сликарка Пола Модерсон-Бекер, на пример, раскажува трогателна приказна за една уметница која доживувала пресврт на својата кариера, која била прекината кога таа починала при раѓањето на нејзината ќерка.
Палетата на Габриел Минтер (без датум), боја на дрво. Употребена благодарение на Фондацијата „Габриел Минтер и Јоханес Ајхнер”, Минхен.
Таа го напуштила ателјето полно со нови и недовршени дела, вечно заклучени во момент на транзиција – како потсетник на тековната еволуција на опусот и кариерата на уметницата.
Американскиот сликар Кери Џејмс Маршал го инкорпорира мотивот во самите слики, прикажувајќи црни уметници кои држат симболично преголеми палети и провоцираат прашања за улогата на бојата во Црната историја и западната уметност.
Палетата на Винифред Николсон (без датум), масло на дрво. Благодарение на приватна колекција. Фотографија: Доверителство на Винифред Николсон.
Од импресионистичките виртуози до модернистичките великани, книгата насловена „Палетите на уметниците” ги следи приказните зад голем дел од најзначајните слики од историјата на уметноста.
Репродукција на фотографија на Едвард Мунк како ја држи својата палета, отпечатена во „Der Crosssection, Jahrg. 11” (1931).
Палетата на Едвард Хопер (без датум), масло на дрво. Благодарение на музејот и студискиот центар на Едвард Хопер во Нијак (родното место на Хопер) и семејната архива Санборн-Хопер. Фотографија: Ден Свиндел
Палетата на Џон Сингер Сарџент (без датум), масло на дрво. Благодарение на музеите на уметноста на Харвард/Музејот Фог, Кембриџ, Масачусетс. Фотографијата е подарена на претседателот и соработниците на универзитетот „Харвард”.
Извор: https://www.thisiscolossal.com