1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 07:59
Пред некој ден, на седницата за пратенички прашања во Собранието премиерот Мицкоски на пратениците на СДСМ им се обрати со: „Се сеќавате на оној проект ‘Вистината за Македонија’? Многу скоро ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии“.
(...) Ало, премиере, па твојата партија кога беше на власт прислушуваше 25.000 луѓе. Во тоа време и ти имаше висока функција. И мене сте ме прислушкувале две и пол години. Сте продолжиле да ме слушате дури и три месеци откако Заев почна да ги објавува бомбите. Па, си ги прочитав транскриптите и од приватните разговори и од разговорите со луѓе од твојата партија. Никогаш не се покајавте и не се засрамивте. Така што, малку полабаво со расфрлање тешки зборови како „фашизам“ и „фашистички режим“. Во најмала рака, треба прво да се извините во име на партијата, па после евентуално да продолжиме да разговараме на темата прислушување.
Горан Михајловски, СДК, 29.11.24.
- Сине, разочарани сме! Не те воспитувавме да зимаш дрога!
- Морам да ви ја земам, ова е рација, ќе добијам отказ од полиција.
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2024 okno.mk, сите права се задржани.