Отворен повик за учество во базар на „Десет години МАРХ”

29.10.2024 13:35
Отворен повик за учество во базар на „Десет години МАРХ”

Платформата МАРХ оваа година го слави својот десетти роденден. Десет години од основањето на единствената македонска веб страна за архивирање и промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност. Целта на МАРХ е да се влијае едукативно, стремејќи се да се покажат домашните вредности кои се скриени или невидливи за јавноста.

По тој повод МАРХ упатува повик до сите компании, студија, здруженија, неформални групи и поединци што се занимаваат со дејност во областа на архитектура, дизајн, продукт дизајн, изработка на архи-сувенири, литература од областа на архитектурата или друга креативна и иновативна дејност, едноставно до сите оние кои се заинтересирани своите производи и дела да ги претстават пред пошироката јавност со цел нивна лична промоција и продажба.

Сите заинтересирани можат да се пријават на martina@marh.mk, најдоцна до 31 октомври, 2024 година.

Начин на пријавување

Сите кандидати при пријавувањето потребно е да испратат фотографии од делата кои сакаат да ги изложат, краток опис за делата, како и нивната дејност. Бројот на учесници во базарот е лимитиран.

Настанот и базарот ќе се оддржат на 23 ноември, 2024 година во Public Room / Јавна Соба.

Повеќе информации можете да дознаете на веб страницата на МАРХ.

ОкоБоли главаВицФото