Во дијалог: македонски визуелни уметници - Разговор на ОПА со Ана Франговска

31.10.2024 10:57
Во дијалог: македонски визуелни уметници - Разговор на ОПА со Ана Франговска

Денес, на 31 октомври (четврток), со почеток во 20.00 часот, во КСП Центар-Јадро, ќе се одржи разговор на ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија) со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност.

КСП Центар Јадро ја продолжува серијата разговори со визуелни уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена, и за кои смета дека со своите дела, темите кои ги обработуваат, и авторскиот интегритет се релевантни до денес. Изборот на авторите и разговорите е реализиран и модериран од историчарката на уметност и кураторка, Ана Франговска.

ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е соработка основана во 2001 година, меѓу визуелните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски. Пристапот на ОПА е context-based, вклучувајќи пародија, креирана реалност, псевдо-документарци, тактички медиуми и стратегии на претерана идентификација и субверзивна афирмација. ОПА има самостојно изложувано во Македонија, Хрватска, Франција, Германија, Естонија, САД, Холандија, итн; има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали, меѓу кои, „Трансмедиале“ (Берлин), „Трансеуропа - Европски театарски и перформанс фестивал“ (Хилдесхајм), „Freewaves - Биенале на нови медиуми“ (Лос Анџелес), „Биенале на современи уметности“ (Москва), „Арс Електроника“ (Линц) и има остварено резиденцијални престои во Франција, Германија, Швајцарија, Естонија, Холандија, итн. ОПА е соосновач и активен член на Иницијативата „Кооперација“ (2012-2015) и колективот „Forms of Ownership“ (2018-2021).

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото