Основањето на „Нинтендо”

31.10.2024 10:39
Основањето на „Нинтендо”

Предниот дел на првата продавница на „Нинтендо” во Кјото

На 23 јуни 1889 година основана е компанијата „Нинтендо” - симбол на гејмерската индустрија на модерното време - која произведе бројни наслови кои останаа врежани во поп културата. Основач на „Нинтендо” е Фусаџиро Јамаучи - претприемач од Кјото.

Почеток со продажба на традиционални карти за играње

„Нинтендо” е веројатно најстарата компанија за видео игри. Основана е во 1889 година, и се разбира, тогаш не произведувала видео игри, туку други работи.

Компанијата првенствено е основана за продажба на традиционални карти за играње кои биле многу популарни кон крајот на 19 век меѓу децата и возрасните.

Во текот на првата половина на дваесетиот век, „Нинтендо” продолжува со продажба на карти, а по смртта на Јамаучи, компанијата ја наследил сопругот на една од неговите ќерки. Набрзо почнале да продаваат класични карти (класични шпилови од 52 карти) кои станале многу популарни во Јапонија.

Рачно изработени и произведени карти за играње од компанијата „Нинтендо”

Таксито на „Нинтендо” во текот на шеесеттите

Компанијата живеела исклучиво од продажбата на карти до крајот на Втората светска војна, кога ослабнала поради геополитичката ситуација. Во следните десет години не успеала да се опорави, а продажбата на карти повеќе не била толку популарна. Тогаш решиле да се прошират и во други бранши.

Најпознат таков проект била такси-службата на компанијата „Нинтендо”, која траела од шеесеттите до седумдесеттите години. Била позната под името Nintendo K.K., но брзо се покажала како неисплатлива. По неуспехот со продажбата на карти и такси услуги, компанијата се решава на радикални чекори.

Во 1977 година го претставува новиот проект во кој ќе произведува и продава конзоли за играње. Првата била наречена Color TV-Game и била пуштена во продажба истата година. Децата играле брзи игри на конзолата се додека во 1981 година не се појавила играта Donkey Kong, која ги поставува темелите за нивниот иден светски успех.

Во 1983 година излегува конзолата Nintendo Entertainment System преку која стануваат познати низ целиот свет. Конзолата инспирирала многу други идни производители како Xbox и PlayStation.

„Нинтендо” и денес се активни, а најдобро ги знаеме по светски познатите игри како што се „Покемон”, „Супер Марио” и „Зелда” кои останаа неизбришлив дел од популарната култура.

 

Покренат во Јапонија како „Фамиком”, системот за забава на „Нинтендо” познат како „НЕС” - ја револуционизираше индустријата за игри

Извор: https://www.bbc.co.uk

Слични содржини

Технологија / Култура / Историја
Активизам / Култура / Настан / Историја
Никола Гелевски
Технологија / Филм / Око / Историја
Книжевност / Култура / Настан / Историја

ОкоБоли главаВицФото