Mодни креации од шпагети

31.10.2024 12:41
Mодни креаци од шпагети

Француската дизајнерка на ентериер и визуелна уметница Алис Пегна ја привлекуваат необични или изненадувачки материјали, па честопати користи одредени објекти надвор од нивната намена.

За нејзиниот проект насловен Ex Nihilo, Пегна дизајнирала цела серија геометриски фустани, наметки и шапки формирани од парчиња неварени шпагети. „Шпагетите во основа се резервирани за готвење, а во колективната слика се чинат кревки и кршливи”.

„Овие две причини ме поттикнаа да посакам да ги користам како материјал за изработка на моите дела”, објаснува таа во изјавата за проектот. „Ми се допаѓаат нивните карактеристики. Имаат одредена флексибилност поради нивната финост, додека сепак остануваат крути и лесно кршливи”.

Пегна секој дизајн го започнува со формирање на полигони кои креираат архитектонски детали, а истовремено ја зголемуваат стегнатоста и издржливоста на комбинираните парчиња. Секоја скулптурална облека е наменета да се додаде на човечкото тело, менувајќи го начинот на кој го набљудуваме.

Тоа е јасно преку начинот на кој Пегна ги прикажува своите креации со минимални манекени и мат позадини. Дизајнерката и уметница сака да ги истакне објектите на телото притоа создавајќи амбиент со дополнителни ефекти на светлина и чад.

Во иднина, Пегна сака нејзиниот проект да го подигне на повисоко ниво со елиминирање на куклите и манипулирање со материјалот во просторот и без поддршка да ги тестира неговите граници. Можете да видите повеќе нејзини креации со посета на нејзината веб-страница и Инстаграм.

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото