1016 hPa
88 %

12 °C
Скопје - Сре, 26.03.2025 04:59
Вечерва, на 1 ноември, во кафе-книжарница„Буква”, со почеток во 20 часот, проектот за промоција на филмските режисери од Македонија на Јане Алтипармаков и Филип Херин со наслов „Рани трудови”, го претставува Марјан Гавриловски, македонски филмски режисер.
Гавриловски по завршување на студиите по филм во Софија, го изработува својот прв краток документарен филм Македонски „Пасторали”,(2010), Истата година го реализира и „Бездомник”,(2010), а во наредните години реализира уште четири кратки филма: „Живот по Смртта”,(2011), „Само обичен ден”, (2012), „Сонувај”,(2013) и „Кота 404”,(2015).
Во 2016 година го снима својот прв долгометражен филм „Јавачи на коњи”, кој забележува голем фестивалски успех. Официјално е селектиран на повеќе од четириесет филмски фестивали во Европа, САД, Африка и Азија. Филмот добива прва награда за дебитантски филм на „Фам Фест” во Северна Каролина, САД. Награден е и за најдобар филм на Интернационалниот филмски фестивал „Јала” во Непал. Ја добива наградата од публика на КинЕст Фест во Италија и има свои скрининзи во повеќе средни училишта низ Сицилија.
Вториот долгометражен филм на Гавриловски, „Te Dua, Жими Мене”, својата интернационална премиера ја имаше во 2021 година во Италија, а македонската премиера се одржува на 23 Септември 2023 година и е најгледан филм во државата, со преку 30 илјади продадени карти.
Вечерва премиерно за публиката на „Рани трудови” ќе се прикаже краткиот игран филм , „Кота 404”(2015). „Кота 404” е урбана легенда која ја следи приказната на автостопер и возач, кои се заглавени во јамка на времето.