Стравови

01.11.24 12:11

Како би изгледало кога стравовите би биле мали суштества кои постојано ги следат своите сопственици? Стравовите нѐ блокираат и знаат да ни го отежнат животот, но се прашуваме дали би можеле да бидат и корисни?

Анимираниот филм насловен „Стравови” е дипломски, а воедно и прв филм реализиран за факултетот за филм во Ванкувер, на режисерката, аниматорка и илустраторка Ната Метлук.

Ната Метлук е аниматорка која живее во Калифорнија и која создава необични анимирани дела со дигитални рачно цртани техники. Нејзините приказни ја истражуваат апсурдноста и дефамилијаризацијата на секојдневниот живот. Филмовите на Ната освоиле неколку награди на големите фестивали за анимација.

Повеќе нејзини анимирани филмови, како и гифови и илустрации можете да погледнете на нејзината веб страница

Извор: https://www.notofagus.com/

Слични содржини

Психологија / Живот / Филм / Око
Општество / Живот / Филм / Око
Филм / Око
Уметност / Филм / Око
Живот / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото