Зачувување на минливите моменти

04.11.24 08:38

Јоаким Молер е страствен уличен фотограф кој наоѓа магија во зачувувањето на минливите моменти од животот преку својот објектив. Неговиот пристап кон фотографијата е спонтан и интуитивен, што му овозможува да ја долови непредвидливата природа на уличниот живот.
Молер верува дека фотографијата служи како визуелен дневник, како одраз на неговиот личен раст и развојната перспектива низ годините.

„Мислам дека идејата да се доловат вистинските моменти од животот на улиците, и на тој начин да продолжат да живеат, е она што на прво место ме привлече кај уличната фотографија. Навистина ми е магично што само со притискање на копче работите што ги набљудувам можам да ги зачувам засекогаш. Она што најмногу го сакам кај фотографирањето на улица е тоа колку е непредвидливо. Секојдневно, кога излегувам на мојата фотопрошетка, немам никаква идеја каков ќе биде резултатот, а изненадувањата се тие што ме поттикнуваат да се вратам”, вели Молер.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: https://121clicks.com

Слични содржини

Фотографија / Око
Фотографија / Око
Општество / Активизам / Фотографија / Култура / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Спорт / Око
Фотографија / Култура / Око

ОкоБоли главаВицФото