1022 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Чет, 23.01.2025 10:59
KСП Центар Јадро ја најавува промоцијата на новата книга „Доколку постои приказната: Обид за децентрализација на знаењето“, резултат на соработката помеѓу уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска и уредничката Дијана Маринку.
Настанот ќе се одржи на 6 ноември (среда) во КСП Центар-Јадро, со почеток во 19 часот, во присуство на авторите и гостинката Ана Кун, уметница од Темишвар. Таа е активна на независната издавачка сцена и има произведено околу дваесет зина и книги на политички и културни теми.
Книгата, издадена од Фондацијата Art Encounters, се базира на изложбата од 2022 година и го истражува концептот на отворена форма, понудувајќи свежа перспектива за современата уметност како алатка за знаење. Покрај текстовите на Андерс Кројгер и Марија Оросан-Телеа, вклучени се и придонеси од младите уметници од менторската програма на Чаловски и Иваноска.
Промоцијата е поддржана од Фондацијата Art Encounters и Проектниот центар на општина Темишвар како дел од програмата „Темишвар – Европска престолнина на културата 2023“.