1010 hPa
50 %

23 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 10:59
Денес, 7 ноември(четврток), со почеток во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје, ќе биде отворена изложба на уметниците Ана Трајковска и Ана Луловска насловена „Фото-графички експерименти“
Изложбата „Фото-графички експерименти“ ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни.
Станува збор за проект создаден од двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска кој е премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ во рамките на нивниот двомесечен престој во престижната институција „Cité internationale des arts“ во Париз. Повеќе информации за нивниот престој и проект на линкот.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на годината.