Растерување на тигрите човекојадци

08.11.2024 09:53
Виц икона

Човек пред своја куќа во центарот на Скопје совесно, со широки замави, расфрлува зрна пченка секаде наоколу, по тротоарот и улицата, како да рани непостоечки кокошки или гулаби од кои нема ни трага. Му приоѓа познаник што патем ја здогледал апсурдната сцена, и го прашува зошто ја расфрлува пченката.

Човекот одговара простосрдечно: „Ова има најголема важност не само за мене и моеото семејство, туку и за целиот град, зашто со зрната пченка ги растерувам тигрите човекојадци.“

Вчудовиден, познаникот му забележува дека во градот нема тигри, а особено не тигри човекојадци.

„Тоа е очигледно зашто пченкава си ја врши работата сто насто.“

(via Мирослав Грчев)

 

ОкоБоли главаВицФото