1033 hPa
61 %
7 °C
Скопје - Пет, 13.12.2024 11:59
Вечерва, на 8 ноември (петок), во „Лабораториум“, со почеток во 21:30 часот, во рамки на PMG Jazz Klub ќе се одржи концертот на Филип Букршлиев трио.
„Очекувајте вечер на експлозивна џез елегичност вткаена во двата студиски албум на бендот: A Disc Jockey’s Crisis of Conscience и All the Sad Word in the Beggar’s Dictionary“, стои во најавата за концертот.
Настапуваат:
Филип Букршлиев /гитара/
Андреа Мирчевска /контрабас/
Славчо Коцев /тапани/
Филип Букршлиев трио е слободно-пловечка џез трио формација предводена од гитаристот и композитор Филип Букршлиев, конструирана како платформа за вентилирање на неговата горешта опсесија со трогателни џез балади и исклучително световни гитарски соло делници. Членовите на ова трио сте ги гледале во состави како Taxi Consilium, Летечки Пекинезери, Пијан Славеј, Fighting Windmills и Строг Пост. На овој концерт покрај материјалот од нивниот деби албум „A Disc Jockey’s Crisis of Conscience“ [PMGJazz/2020] конечно ќе бидат отсвирени и композициите од вториот албум „All the Sad Word in the Beggar’s Dictionary“ [SJF Records/2023] за кој што неколку луѓе, од домашната сцена и од странство, без принуда или било каква уцена, сосем неповрзано и без заедничка агенда – се сложија дека всушност е добар.