1004 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Чет, 22.01.2026 21:00

Вечерва, 8 декември (петок), со почеток во 20 часот, во „Ла Кања”, по повод одбележување на петнаесет години од нејзиното постоење, ќе се одржи соло концерт на Деан Змејкоски на електрична гитара и концерт на Тодор Караколев.
Колективот „Партизанска штампа” ќе го претстави краткиот фанзин посветен на „Ла Кања” и ќе го печатат постерот на секој што ќе си донесе маица, навлака, јакна.
„15 Години. Се изнаслушавме музика, се изнагледавме концерти... Продолжуваме понатаму... “, велат од „Ла Кања” во најавата за роденденскиот настан.