„Moving Inside Out” – работилница за танц на Криста ДеНио и Искра Шукарова

11.11.2024 11:52
„Moving Inside Out” – работилница за танц на Криста ДеНио и Искра Шукарова

Во периодот од 15 до 17 ноември во КСП Центар-Јадро во Скопје, Криста ДеНио и Искра Шукарова ќе одржат работилница за членови на заедницата, студенти и професионалци од областа на танцот, театарот и други дисциплини во земјава.

Работилницата ќе истражува интердисциплинарни пристапи во создавањето на site-specific перформанси, користејќи методологии од танцот и театарот.

Работилницата ќе вклучува движење и гласовен тренинг базиран на соматски практики, контакт импровизација и техники од Action Theater, а ќе заврши со кратки перформанси креирани од учесниците.

Заинтересираните можат да се пријават на sukarovai@yahoo.com, со испраќање на мејл со назнака „Пријава за работилница Moving Inside Out“.

Во мејлот задолжително внесете:

Име и презиме

Телефонски контакт

Кратка биографија

Моивација за учество во работилницата

* Прифатени ќе бидат само аплиациите на учесници кои соодветно ќе ја следат процедурата за пријава.

Пријавата е отворена до 13 ноември, 2024 година. Бројот на учесници е ограничен.

Работилницата ќе се одвива во следниве термини:

5.11 (петок) од 16.00 до 20.00

16.11 (сабота) од 11.00 до 17.00 (со пауза од 13.30 до 14.00)

17.11 (недела) од 11.00 до 17.00 (со пауза од 13.30 до 14.00)

ДеНио ќе се базира на својот проект Network, инспириран од еколошките системи на комуникација кај дрвјата, додека Шукарова ќе ги сподели своите истражувања за невербална комуникација како рамка за уметничко изразување.

Искра Шукарова како уметник се интересира за врската помеѓу телото и гласот, како и за пронаоѓање на конекции со природата и животните. Таа истражува и нови начини на поврзување со публиката како дел од перформативниот процес, со посебен фокус на интердисциплинарните пристапи.

Криста ДеНио работи со движење, звук и наративно раскажување, креирајќи интерактивни и партиципативни искуства. Нејзините изведби вклучуваат и скриптирана и кореографирана работа како и импровизациски интеракции, со цел создавање на нови видови на искуства.

Перформансот/презентацијата Moving Inside Out ќе биде изведена од Криста ДеНио (САД) и Искра Шукарова (Северна Македонија) во КСП Центар-Јадро во Скопје на 20 ноември во 18 часот, како дел од Меѓународниот театарски фестивал, МОТ.

Партнери: КСП Центар-Јадро и театарскиот фестивал MOT во Скопје и International Interdisciplinary Artist Consortium,
Финансирање: Овој проект е поддржан од GPS/Global Practice Sharing as part of Movement Research, NYC со финансирање од Trust for Mutual Understanding.

Фотографија 1: Дарко Стојановски
Фотографија 2: Hillary Goidell

ОкоБоли главаВицФото