1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 08:59
Уметницата Јол Ким од Сеул, ги претставува своите идеи за идентитетот и потсвеста преку уметнички дела во мешани медиуми. Нејзините слики се фокусираат на фигури кои изразуваат форми на неред.
„Сино”
Сето тоа е видливо не само преку изразите на лицата на ликовите од нејзините слики, туку се протега низ целите слики за да се изрази незадоволството и вртоглавицата кои неизбежно доаѓаат со човечкото искуство.
„Сини мачки”1
Уметноста на Ким често го истакнува изразот кој сè уште не созреал, израз со застој во растот. Нејзината желба е преку своите уметнички дела да ги организира овие емоции.
„Сини мачки” 1
Ким е родена во 1982 година и дипломирала на Индустрискиот факултет на Универзитетот „Хонгик” во 2015 година, со диплома за Студии за боја, вклучувајќи ја науката за бојата и природата на личната боја.
„Љубопитни очи”
Забележливо е дека сето тоа ја подигнало свеста кај уметницата за начинот на кој бојата комуницира со личноста врз основа на контекстот и на моментална емоционална состојба - не само на појавноста. Јол Ким реализирала неколку самостојни и групни изложби, од кои попознати се: „Фабрика за игра” (самостојно шоу), „Летен слободен стил”, „Летен салон”, „Автодиктат”...
„Тој зјапаше во неа”
„Розова двојка”
„Играј со - 1.2.3”
„Можам ли да сметам на тебе?”
„1.2.3”
„Ти-Јас-Ние”
„Вселенско патување”
„Кажи ми повеќе”
„Вогинг танц”
„Шетање на моето куче со зелени точки”
Уметницата Јол Ким во своето ателје
Извор: https://courttree.com/Yool-Kim