1017 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Нед, 16.02.2025 05:59
Пратеничката во германскиот Парламент од Зелените, Антје Капек предлага во берлинското метро да се воведат вагони само за жени, со цел да се гарантира нивната безбедност.
Пратеничката во германскиот Парламент од Зелените, Антје Капек предлага во берлинското метро да се воведат вагони само за жени, со цел да се гарантира нивната безбедност.
„Тоа е навистина одлична идеја која ја позајмив од Токио, каде се воведени специјални купеа за жени. Тие имаат заштитен простор што навечер им овозможува да патуваат со подземните возови дури и во најголеми гужви, без да бидат допирани или нападнати”, наведува Капек.
Таа додава дека метрото, посебно навечер, кога е преполно, може да биде многу непријатно искуство за жените, имајќи го предвид тоа дека е зголемен бројот на напади врз жени во текот на ноќта.
Предлогот на Капек е наведен откако неодамна 33-годишен маж силувал жена во метрото.
Берлинското претпријатие за јавен превоз изразува скептицизам во однос на предлогот на Капек, истакнувајќи дека сегашните превентивни мерки се соодветни.
„Вложуваме максимални напори за да обезбедиме сите патници да пристигнат безбедно на својата дестинација. Секој што се чувствува лошо или има потреба од помош може на секоја метро станица да го контактира тимот на транспортниот оператор. Околу 250 лица од обезбедувањето деноноќно дежураат, бидејќи некои станици работат и ноќе”, соопштуваат од Берлинското претпријатие за јавен превоз.
Извор: https://fakti.bg/en