Мала анатомија на деструкцијата на Македонија со среќен крај

09.03.2011 10:51
Мала анатомија на деструкцијата на Македонија со среќен крај

Кој на Кале јами за Македонија копа, самиот во нив ќе пропадне!

(најнова општонародна поговорка)

Кале

Чепкајќи во утробата на Скопското Кале, не археолозите, туку политикантите, како дa си го најдоа она што си го бараа. А не дека не беа предупредувани. Беа, и тоа како. Уште кога започнуваа со една од многуте археолошки „кампањи“ со кои македонската археологија ја сведоа на срамна панаѓурска дисциплина, најнапред „комшиите“ на Калето предупредија дека таму работите не се „на арно“ и нема да бидат така како што си замислуваат, со пари се разбира, добро набабрените археолози.

Така и се случи. Работите биднаа така како што биднаа, а за среќа, барем засега, завршија само со неколку капки крв. Велам засега, затоа што сите показатели, или како правниците милуваат да кажат - индиции, говорат дека смислувањето и изведбата на оваа „Операција Кале“ е типично Злосторничко здружување со многу елементи на велепредавство!

Не треба да се биде многу искусен, а и писмен, за да не се прочита еден типичен ракопис на полициско-разузнавачкото подземје, асистирано од хор на медиумски мегафони, а и од јавни, но и прикриени подбуцнувачи. Ова како генерално согледување, а за деталите околу тоа кој точно, како точно, од која „страна“, за чии интереси бил сè вплеткан, ќе се дознае во најблиска иднина. И, за да нема забуни, ова нема да биде задача само за оние кои „по службена должност“ ќе го обработуваат случајот туку, пред сè, морално-политичка обврска за оние кои ќе дојдат на власт! Ова не е шега, ниту пак потсмевање на способностите на идните властодржци. Едноставно, ова е потсетување на тоа што го пропуштија (некои велат го испазарија!) на 16-ти септември 2006-та! Тој долг има да си го платат, а да бидат среќни ако им ги простиме каматите. За оние кои на Македонија, во континуитет, и’ копаат јама, а најголемиот дел од нив си ги знаеме, овојпат, колку и ова да звучи како закана, простување нема. Кој ќе се дрзне да им прости ќе биде третиран исто како овие идни муштерии на ослободениот и прогледан закон.

За заканите

Дека Македонија е земја во која многу нешта се наопаку зборува и фактот дека Власта и нејзините трабанти-подопашковци први почнаа да го посочуваат зборот ЗАКАНА! Во неделиве зад нас ги слушнавме жалбите на сите на кои, замислете, опозицијата им се заканувала! Да повторам: Опозицијата им се заканувала! Значи, од судии со нечиста совест, до некакви креатури кои членуваа во сите можни партии од крајно леви до крајно десни. Потоа, (уплашени!) се изнаредија оние неколкумина со недоодслужени затворски казни, криминалци на (при)времена работа во некои медиуми, па грамадни новинарски куртизани, за на крајот, од партиската (и собраниската-што е исто, нели?) говорница истата жалба, претпоставувам до народот, да ја слушнеме и од народните избраници и од нив именуваните функционери. А бе, да пукнеш од мака, или да се смееш. Земја во која сите елементи на владеење се учебнички пример за практицирање на провинциски или, ајде да речеме, простачки селски фашизам, во земја во која „внатрешни“ троши милиони-милиони за тормозење на граѓаните, ВЛАСТА СЕ ПЛАШИ ОД ЗАКАНИ!

За нечиста совест ли станува збор, за некаква стратегија ли, за самоохрабрување заради „збивање на редовите“ ли, за што станува збор?

Ќе да е за сето ова, помалку или повеќе. Зависи од тоа кој каде, од власта и нивните подопашници се наоѓа(л) во „Годините на Големиот Зулум“!

Блеф

За заканите ќе има уште нешто, малку подолу, а за сликата да биде малку појасна, еве нешто и за еден друг многу омилен збор, на кој, ако не на Власта. Имено (Како ли се сетија само да ми е да знам?) откако видоа дека Ѓаволот ја однел шегата и дека ништо не е вечно, а особено тоа важи за Диктатурата, фатија една трескавична брзаница да оделе што побрзо на избори. Арно ама „Бранко не давал!“. Не само што не давал туку БЛЕФИРАЛ! Колку трагично изгледаат приучените и искомплексирани момчиња кога, после „горна“ и „долна“ обработка, ќе ги нацуцулат пред микрофон да зборуваат за БЛЕФ! Страшно е и тажно кога човек ќе го видите така ничкосан, па уште и млад, па уште (мора!) верува во тоа што му го напишале! Не! Освен што му е страв, освен тоа што не разбира за што станува збор, со едно поголемо парче од мозокот знае дека на списокот на идните курбани на Вождот е котиран високо и дека како и да се движат работите, та дури утре и за „заштитен сведок“ да се понуди, сепак ќе мора да одговори на мнооооогу непријатни прашања. На улица, де! На улица ќе го прашуваат, па макар избегал и во најскриеното ќоше на планетата ни Земја.

И, кога помисливме дека сета оваа тажна процесија на преплашени партиски војничиња заврши со нивните тиради за заплашувањата, за блефовите, ете ги, кој, ако не некаквите интелектуалци!? И тие за БЛЕФ-от. Куку леле! Едно седум-осумнаесетмина (сосе публика!) трагичари и срам за нацијата која изнедри толку многу вистински интелекти, впрегнати како магариња во арамиската кола на вождот, буквално, да ми простите, се испомочаа на она што во оваа земја беше, а се надевам дека после овие талибани и ќе остане, Универзитет, Знаење, Академска Чест, Вистински Македонски Вредности.

И тие беа најмени и, за право, си ги заслужија наемнините. Говореа за БЛЕФ-от.

На Бранко, де!

Списоци

За какви тоа списоци станува збор? Имам впечаток дека станува збор за списоците според кои, нели, ќе се одржат изборите и во кои би требало сите ние уредно да бидеме запишани. Според сето досега приложено испаѓа дека сите знаат за што станува збор, ама, ако ми дозволите едно светогрдие за тие фамозни списоци. Па, нека се пушат и Власт, ама и (не)одговорната опозиција!

Значи, Списокот на Избирачи никогаш, ама никогаш не бил некаков суштински проблем за тоа дали во оваа земја изборите се фер и демократски.

Не! Не станува збор за ТОЈ СПИСОК. Станува збор за еден друг список. А тоа е СПИСОКОТ НА ОТСУТНИ од земјата! Списокот на многуте очајници кои, не само во годините на Големиот Зулум, туку во сиве овие години на разно-разни зулуми, отидоа надвор а таму ниту се запишани, а тука не се ОТПИШАНИ!

Што мислите? За колкав број на такви станува збор? Или, еве го наградното прашање: КОЈ ГО ИМА СПИСОКОТ НА ОТСУТНИ ОД ЗЕМЈАТА (на подолг и на покус рок-сеедно!)?

За да Ви ги скратам маките, еве го одговорот: МВР!

И, дополнително, бонус-прашање: Кој сè може да го (зло)употреби ова сознание?

Ајде де! Помачете се малку! Па, се знае бе, луѓе: подземјето! Подземјето кое, што директно, што преку „инсталации“ ни го приреди, а се готви уште многу работи да приредува, тоа што од милина во овај мал лексикон на распаѓањето, го нарековме „Операција Кале“!

Ви текна нели?

Избори

Избори ќе има. Тоа е веста. А ќе се случат според правилата кои до максимум ќе го оневозможат манипулирањето со гласовите, со граѓаните, со народните пари, како прво.

А како второ, ќе отворат простор за оние кои годиниве зад нас и особено на избориве зад нас, како најпослушни војници крстареа низ земјава како казнени експедиции и го заплашуваа, го тепаа, го тормозеа народот. Својот народ, нели. Тој во чие име реки пари „однесоа“ којзае каде! Ако опозицијата, малку од малку е одговорна, на овие грешници, ако си седат мадро, ќе им понуди амнестија.

Ако си седат мадро!?

Подготовки

Дека кај Власта се свесни што допрва ќе се случува, а дека тоа за најголемиот дел од нивниве војници е тајна, од ден на ден станува сè појасно. Ова не го велам затоа што видов страв, нервоза или некакво осипање во нивните редови. Ниту, пак, внатрепартиските интриги се некаков показател, а ги има во огромни количества. Тројно повеќе отколку кај опозицијата. Не. Не е тоа никаков индикатор. Интригите, впрочем, се знак на простотилак и неодговорност, ама ќе има мегдан и за тоа, а сега за нешто многу поважно.

Имено, кога некој деновиве би пишувал репортажа за Македонија, а сепак да е доволно вешт да ги најде вистинските извори на информации, би напишал: ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ! Од добро известени кругови во главниот град на Македонија дознавме за постоење на план, поточно, за негова реализација. Според овој План, кој што власта го смислила во содејство со некои нивни странски советници, до максимум се интензиврани дејствијата за времето кога оваа власт ќе биде опозиција. Штабски смислениот план подразбира неколку насоки на дејствување. Најнапред, во службите за безбедност веќе се одредени задачите на поединци (кои многу се истакнале во изминатите седум-осум години како во уривањето на претходните власти така во сервисирањето на криминалните операции на оваа власт), како да постапуваат и во која насока да тече нивното засолнување од видокругот на идните власти. Истите насоки им се дадени на една група која во изминатите пет и нешто години располагала и ги диригирала тековите на јавните пари и нивното насочување кон касите/сметките каде ќе биде тешко да се открие трагата на парите.

Понатаму, а со оглед на искуствата од паѓањето на вакви и слични режими (Во Србија, на пример!) одвоени се фондови за „Присуство во Јавноста“ кои подразбираат авансно (!) исплаќање на новинари кои се докажани соработници на режимот, било како еклатантни гласно-говорници, било како соработници на одметнати фракции во тајните служби. Исто така, ангажирани се неколку видни адвокати, некои судии и обвинители веќе се подготвени за одење во адвокатура. Во останатите подготовки спаѓаат и одредување на лица од посебна доверба во секоја од институциите на државата како идни инсајдери, а привршуваат и другите неопходни подготовки за формирање на паралелна „длабинска власт“! Во ова Власта барала и добила подршка од некои криминализирани елементи кај стопанствениците кои, благодарение на нетранспарентното располагање со јавните пари на оваа Власт, се стекнаа со солидни банковни конта во Македонија и во странство, како и со, сега-засега, големи поседи во вид на недвижности, земјоделско земјиште, концесии за шуми и рудни богатства.

Опозицијата има само магловити сознанија за оваа операција, а не се ретки толкувањата на некои познавачи дека во оваа насока опозицијата не е склона да размислува со оглед на персоналната историја на многумина нејзини првенци.

„Од Скопје за... ..известува...“

Прашања

Во овој мини-лексикон за Вчера-Денес-Утре на Македонија, најважните прашања за тоа како да се стигне до она што сите во Македонија го нарекуваат УТРЕ можеби и не се поставени, ниту пак се одговорени. Ама, сосема е јасно и извесно е дека тоа УТРЕ ќе се случи и дека Македонија ќе се ослободи од ова Друштво со опасни и во голем дел, сега-засега, реализирани намери.

Други прашања се многу важни, ако не и најважни. Имено, ако на сите ни е јасно дека Македонија е потполно изместена од нормала, ако земјата УТРЕ ќе изгледа како да ја имале окупирано Црвени Кмери, заедно сосе Талибани, што точно ќе треба да се прави?

И, за да бидеме потполно свесни: Во земјава СИТЕ КАСИ ЌЕ БИДАТ ПРАЗНИ, а колку пари должиме, ќе можеме да дознаеме дури неколку месеци по смената на власта! Ова ќе мора да го знае секој, буквално секој граѓанин за да бидеме сите свесни дека нè чекаат година-две тешки моменти, додека застанеме на нозе.

А во меѓувреме, бидејки сè е уништено како вредност, сè е сведено на тоа Опашките на оние глупави Лавови и Коњи, да се поважни од зграда на една од најуспешните културни институции-Филхармонијата, ни следи огромна работа во моралната обнова на земјата. Овие момци се обидоа да ни ги оперираат мозоците, да ни го сменат ликот, а цело време нè труеја, а многумина успеаја да отрујат, дека ни го штитат името. Тоа ќе мора да се враќа во нормала, што за среќа ќе биде возможно бидејќи не сите во оваа земја се уплашија, не сите се продадоа. Има оваа земја уште многу потенцијал и тој потенцијал, со нужен ентузијазам ќе се впрегне, ако не нешто повеќе на граѓаните да им го врати изгубеното достоинство.

Но, нема да заборавиме, бидејќи талибаниве ќе ни останат тука да ги прашаме за некои работи. Согласно и во склад со сите законски процедури:

1. Каде се парите и како мислите да ги вратите затоа што најголем дел се сè уште паркирани лево-десно?

2. Што ум ве држеше кога илјадници граѓани на оваа земја секојдневно ги малтретиравте само заради тоа што не сакаа да личат на Вас и само заради тоа што не мислеа како вас?

3. Што ви се чинеше кога Универзитетите ги претворивте во партиски училишта и кога партиските книшки ги прогласивте за поважни од било која факултетска диплома?

4. Кој Ве тераше на сите овие глупости со коњи, магариња, лавови, смешни згради, ама и на крадење земја?

5. Кој Ве натера да си играте играчки со оној Александар па цел свет да ни се смее и да нè понижува?

Идните властодршци, ако имаат намера да бидат разбрани сериозно и ако имаат намера вакви моменти во нивните животи да не им се случат, ќе повелат да си се подготват за оваа, можеби за нив непријатна задача, ама за граѓаните многу лековита и поучна. Уште еднаш, било кој деликвент да не ги измами и тоа неколкукратно!

Нека си купат една тетратка, море десетици тетратки, и во секоја општина да отворат КНИГА НА ЗУЛУМИ. Корисно ќе им биде. Ем ќе видат што се правело, а ќе се подучат за тоа ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВАТ!

И, да не го заборавам најклучното прашање, всушност, прашањето над прашањата, а од чиј што одговор расплеткувањето на нашиот јазол ќе се случува побрзо: КОЈ ТОЧНО ЈА СМИСЛИ ОПЕРАЦИЈАТА КАЛЕ?

Слики: Џеф МекМилан

Уште ти фалеше на окно

Уште ти фалеше на окно ........

Ѓунер врати се! Да се врати

Ѓунер врати се! Да се врати целата славна влада од почетокот на 90тите на чело со Бранко Црвенковски! Таа ги постави темелите на оваа држава и затоа сме толку успешни!

Уште Јане Миљовски фали и да

Уште Јане Миљовски фали и да воскресне периодот на криминалната приватизација, менување име без да се праша никој,местење на избори, целосна контрола на медиуми,судство,полиција...Окно ги воскреснува политичките мртовци.

Важно е само цицибан

Важно е само цицибан Зомбиленд царството на пресветиот Грујо да е живо, здраво и полетно! Се’ што не е груевизам, да се затепа, да се поплука, да се фрли во пердуви и катран! Дали може човек со биографија да биде угледен во груевистичка Македонија? Не може! Оти ништо не постоело пред да дојде Златниот-Црниот! (добро, постоел Александар Македонски) Вие, изродбеници, не сте битија на интегритетот туку на актуелитетот, на вечниот презент, со памет и меморија на аквариумски рипки. Штабот мисли место вас, штабот памти место вас - учеле техники во романот 1984... Изродбеници! Вие сте најголемата историска брука на Македонија од 1945 навака! Поголема брука можеби биле македонските фашисти-бугараши 41-45, ама и тоа е прашање! За пет години народот нема да може да сфати како воопшто можела да се случи катастрофата наречена груевизам...

не си го продавај коља газот,

не си го продавај коља газот, сорос не ми дава пари за тебе

Десет до два бил заштитник на

Десет до два бил заштитник на името ХАХАХА најбољи виц е тоа

Јас би се насочил главно на

Јас би се насочил главно на прашањето „Кај се парите?“, од коешто нужно произлегува прашањето „Кој ќе одговара за сите пари досега?“

интересен избор на илустрации

интересен избор на илустрации

ОкоБоли главаВицФото