Крвокапка дете

15.11.2024 18:08

О крвокапка детуле, ти што од планини во планини се криеш
Рането од ѕвезди и со сенка што тиши
Лековита земја што јадеш.

О крвокапка детуле, што малечко си без коски и без кожа
Што ораш со лемеш од врапче-конопарче
Што ветрот го жнееш и камење вршиш.

О крвокапка детуле, ти што тропаш на череп од крава
Што со мушичка леконога играш
Со сурлата слонова и опашот крокодилски.

Ти што мудро си толку и ужасно
Што цицаш од мемливи боски на смртта.

Застани ми на прстов, запеј ми на уво, О крвокапка детуле.

1968 г.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото