1030 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 03:59
Денеска на форум за божемна соработка на Владата со граѓански сектор, министерката за образование продолжи со нејзината кампања на загрозување на безбедноста, менталното здравје, животот и заштитата на младите ЛГБТИ и квир деца.
Имено, таа непрестајно укажуваше дека ја брише родовата еднаквост, и родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет од законите за основно и средно образование - за да ја заштитела БЕЗБЕДНОСТА на децата и сигурноста на родителите!
Очигледно, за неа ЛГБТИ и квир децата не се деца. Нивната безбедност не само што е небитна (иако се најнебезбедни и изложени на булинг и насилство), туку истите ги претстави како ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА на имагинарното стрејт дете. Односно, подгоруваше параноја и паника за опасните квир деца, и со тоа поттикнува насилство врз нив, и параноидна агресија за заштита од имагинарниот непријател.
Во меѓувреме децата ќе страдаат од сиромаштија и ќе се гушат од загаден воздух, во уништен образовен систем кој продуцира армии од неписмени млади.
СРАМОТА! И да, срам да ви е на сите ЛГБТИ луѓе коишто ги промовиравте ВМРО и новата Претседателка; уживате ли сега во сопствениот мазохизам?
Славчо Димитров, Фејсбук, 14.11.24.