Животот се обидува да стане живот

18.11.2024 10:21

Но и смртта се обидува да стане живот.
Смртта е во китот како стариот морнар
Со својата ужасна сказна.

Смртта мјаука во ќебињата – да не е маче?
Си игра со кукли, но тоа не ја влече.
Се џари во светлите окна, но светлина не распознава.
Во пелени е повиена, со трпение полна.
Учи да патка, ги гледа другите в уста.
Се смее и вика и себеси вкочането се слуша.
Зјапа во човечки лица
И ѝ се чини кожата им е чудесна месечина, па во тревата зјапа
Без да мрдне од вчера.
Во прстите свои зјапа и слуша: „Видете го детено!“
Смртта е сираче подметнато
Измачувано од венчиња цветни и неделни ѕвона,
Ја молкнат ваму-таму со скршена кукла
Девојчињата кои си играат мајки и погреби.
А смртта само сака да е жива. Но тешко ѝ оди.
Па плаче, липа, сака да е жива,
А ни мајка си не ја помни.

Смрт и смрт и смрт, само шепоти
Со очите затворени, проба живот да сети

Како радосен крик
Како блесок на ровја
Осамениот даб што го бие.
А смртта е
Во роговите на ирскиот елен. Смртта е
Во коскената шнола на пештерска жена. А сепак не е –

Или во челуста на ајкулата што споменик е
На сопствената тажачка
На ’ртот од животот.

1972 г.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото