Животот во Македонија ни поминува во магичен круг на сезонски теми

18.11.2024 11:28

Животот во Македонија ни поминува во магичен круг на сезонски теми. Секогаш се истите. Еве, ноември е, ќе си збориме за загадувањето.

Секој ден, кога се будиме, како првпат да гледаме што ни се случува. И секогаш одново се чудиме дека Скопје, Тетово и Битола се задушуваат, дека Шапка не работи, дека Охрид се уништува, дека горат стрништа и диви депонии.

Нема никакво помрднување што би нѐ оттргнало од тој магичен круг повеќе од триесет години. Ова лето изгоре половина држава. Колку време траеше меморијата за тоа? Презеде некој нешто? Не. Вгодина пак ќе се изненадиме.

Горан Михајловски, СДК, 15.11.24.